Архиерејска Божествена Литургија во Света Недела – Битола

На 19/20.07.2016 г., кога се празнува споменот на светата маченичка Недела, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во предвечерието на празникот, во сослужение на бројно свештенство, отслужи Вечерна Богослужба, а изутрината Божествена Литургија во храмот Света Недела, во Битола.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

„Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата, тој очигледно никогаш не вкусил колку е благ Господ, и колку многу нe љуби. Од Бога не доаѓа зло. Сите светии непрестано се молеа. Тие ниту еден миг не останувале без молитва. Душата, губејќи го смирението, заедно со него ја губи и благодатта, и љубовта спрема Бога, и тогаш се гаси огнената молитва. Но кога душата ќе се смири од страстите и кога ќе го стекне смирението, тогаш Господ и ја дава Својата благодат. И тогаш таа се моли за непријателите како за самата себе, и за целиот свет, се моли со врели солзи“.

Свети Силуан Атонски

P1310263 P1310281 P1310287 P1310307

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА