На 18.03.2016 г, вечерта во Петокот од Првата седмица од Великиот Пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение од свештенството од храмот Пресвета Богородица Битола, го отслужи првиот дел од Акатистот кон Пресвета Богородица.
Кондак 1:
Храбра наша Војвотко, победоносна, ние слугите твои, од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Ти која имаш сила непобедлива, од секоја беда ослободи не, за да Ти повикуваме: Радувај се Невесто, Неневесна!