15 Поуки од новопрославениот светител Серафим Соболев

  1. Свето и неотстапно чувајте ја нашата православна вера како во нејзините канони, така и во нејзините догми. Не ја приспособувајте верата кон својот живот, туку својот живот – кон верата. Од вистински православната вера црпете ја целата своја среќа. Тогаш ќе бидете вистински синови на Православната Црква и Господ ќе ги излие врз вас уште тука Неговите неискажливи милости.
  2. Без православната вера нема благодат, нема и вистинска љубов кон ближните, а има само погубен егоизам или само празни зборови за љубов, како кај еретиците и сектантите.

 

  1. Не за тоа, Божествениот Дух, заедно со Апостолите, Вселенските Собори и Светите Отци го востановил канонските вистини, за ние подоцна да ги исправуваме и отфрламе, како несовршени и погрешни. Таквиот однос кон светите канони е сосема недопустлив и богохулен.
  2. Ние, православните христијани, исповедаме дека Црква, како востановена од Самиот Бог за нашето спасение, може да се нарече во строга смисла само општеството на вистински вените христијани. Да се нарекува пак црква, секое од еретчките општества – значи да се нема правилно поимање за Црквата и да се нарушува нашата вера и догмат за Црквата, изложен во деветтиот член од Символот на верата.

 

  1. За своите страдања и добри дела луѓето-незнабошци нема да бидат фрлени во најстрашните пеколни маки, за нив на Страшниот Суд има „северна земјичка“. Тие нема да го видат Царството Божјо, но нема да вкусат ни страшни адски маки.

 

 

  1. Ако те нападне униние, читај ги житијата на светиите. Труди се да прочиташ барем неколку реда од нив. За душата, тие се како благодатен дожд, кој освежува, ободрува и радува.
  2. Читај ги житијата на светиите. Во нив ќе најдеш сè, тие ќе те научат на сè. Себеси споредувај се не со ближните, туку со светителите – таквата споредба ни открива, колку сме грешни.

 

  1. Држи се до твоето монашко правило – и Бог ќе те држи тебе.
  2. Подвижникот е како славеј. Славејот пее добро тогаш, кога околу него нема луѓе. Така и подвижникот ги прави своите подвизи тогаш, кога е оддалечен од луѓето.

 

  1. Самоукорувањето – е почеток на спасението, а самооправдувањето за човекот – погибел.
  2. Секогаш помни ги зборовите: „Зимата е лута, но рајот е сладок“

 

  1. Покајанието е исправување на нашиот живот. Повеќе слушај, а помалку зборувај и раскажувај.
  2. Главно – не осудувај. Корен на сите плотски гревови – е осудувањето.

 

  1. Во братот свој треба да гледаш Ангел, а на неговиот грев да гледаш како на болест.
  2. Кога ќе умреме, ќе сфатиме, колку блиски ни биле Спасителот и Мајката Божја.

Извор: Православие.ру