Во една од своите беседи, старецот ни рече: „Зошто ја гониме темнината? Да запалиме светло, темнината сама ќе си замине“. Тие негови зборови во нас најдоа жив отклик. Кога се враќавме назад од исихастирионот, ние со воодушевување разговаравме за тоа, иако не можевме да го достигнеме во сета полнота. Зашто ние останувавме само на зборови и изрази, додека отец Порфириј доаѓаше до нивната најдлабока суштина во неискажливиот опит на неговото духовно преживување.
Кога старецот велеше: „Ајде да Му дозволиме на Христос да се всели во нашата душа, и демоните сами ќе ја остават“ – за него, тоа не беше само потенцијална можност, тој навистина го живееше тоа.
Извор: Дневник Христианина