За значењето на читањето на Светото Писмо за христијаните – свети Јован Златоуст

 

Пред да почнам со толкување на евангелските изреки, сакам од вас да побарам една услуга и немојте да ја одбиете мојата молба. Од вас нема да барам ништо што е тешко и напорно. Таа услуга нема да ми користи само мене, кој ја примам, туку и на вас, кои ја давате, а можеби и вас ќе ви биде далеку покорисна. Што е тоа што сакам да го побарам од вас? – Секој од вас нека го земе неколку дена однапред во рака она поглавје од Евенгелието, кое во Црква ќе го читаме во првиот ден по саботата или во самата сабота. Во својот дом внимателно и повеќе пати нека го прочита и нека ја провери неговата содржина, длабоко проникнувајќи во неа. Нека запомни што е таму јасно, а што нејасно, што е привидно противречно, иако во реалноста не е такво. Кога за сè ќе размислите, соберете се овде да ја слушнете беседата. Од таквата ревност и вие и јас ќе имаме голема корист. Нема да ни биде потребен голем труд – вас да ви ја објаснам силата на изреката, ако вашиот ум предходно има престава за неа. На тој начин ќе се насочите и подобро ќе го разберете она што го слушате, не само заради вашата сопствена поука, туку и за поучување на другите. Тргнувајќи од фактот дека многу од оние кои дојдоа тука да слушаат само заради тоа што на тоа се приморани и кои сега истовремено ќе мора да проникнат во сè – и во самата изрека и во самото наше толкување, напомнувам дека тие нема да имаат голема корист, макар ние на тоа да ја употребиме и целата година. Дали е воопшто и можно кога тие се само случајно овде, за кратко време, да се занимаваат со поуки? Ако пак некој биде повикан на работа и се загрижува, заради недостаток на време, поради мноштво на јавни и лични обврски, тогаш јас гледам, како прво, за голема осуда најнапред е тоа што се занимава со толку многу работи, така што е приврзан за светските грижи и нема ниту малку слободно време да се занимава со работите, кои му се понеопходни од останатите. Како второ, тоа е само оправдување и изговор затоа што нив ги разобличуаат пријателските собири, времето поминато во театар и одењето на коњски трки, каде често го поминуваат целиот ден. Меѓутоа никако во тие случаи не се жали на мноштвото на работи.

Кога се во прашање неважни работи, никој од вас не бара изговор и може да најде многу слободно време. Меѓутоа, кога е потребно да го слушате словото Божјо, тогаш вас ви се причинува дека тоа е непотребно и безначајно и дека на тоа не би требало да се употреби ни најмалиот дел од слободното време. Дали луѓето, кои така размислуваат се достојни, дури и да дишат или да го гледаат ова сонце? Тие невработени луѓе имаат и друг изговор, кој е уште повеќе неоснован. Всушност тие зборуваат лажно дека не купиле и ги немаат книгите од Светото Писмо. Меѓутоа кога се во прашање книгите, смешно би било ако воопшто разговараме за таквиот изговор. Што се однесува до сиромашните, кои според моето мислење, воглавно и за тоа имаат изговор, би сакал да ги запрашам: зарем секој од нив нема доволно алати за занаетот со кој се занимава, а што е сосема исправно, бидејќи ним инаку би им се заканувало крајно сиромаштво? Зарем не е бесмислено тука да зборувате за сиромаштво и да се трудите за ништо да не ви недостасува, а додека таму во црквата, каде можете да се здобиете со голема корист, да се жалите на недостаток од слободно време и сиромаштво. Покрај тоа, доколку некои навистина се толку сиромашни, сепак од фактот дека овде постојано се чита, можат барем малку да се запознаат со содржините на божественото Писмо. Доколку вам ви се чини невозможно, тогаш тоа не е без причина.

Многу од они кои доаѓаат да слушаат, се без големо внимание, како во одредено време да извршуваат некоја должност, а потоа веднаш се враќаат во куќата. Ако некои и останат, по ништо не се подобри од оние кои си одат, бидејќи само со тело се присутни овде со нас. Меѓутоа, за да не ве оптеретиме премногу со разобличување и за да не го изгубиме целото време на прекор, ќе пристапиме на евангелските изреки. Време е нашата беседа да се придвижи на предложената тема. Само бидете внимателни, за да не изгубите ништо од она што овде се зборува.

 

Извадок од почетокот на 11 беседа

на прологот од евангелието според Јован.

information_items_3496

За читањето на Светото Писмо

( значење )

 

Секојдневното читање на Светото Писмо треба да е најголема потреба на секој верник, а особено на свештеникот и теологот. Неопходно е секој, кој сака да изнесува свој суд ( мислење ) во врска со Светото Писмо, позитивен или негативен, пред сè потрбно е да го прочита Светото Писмо од почеток до крај ( од корица до корица ), инаку би личел на критичар ( драмски ), кој гледал само еден чин од представата.

Поединечни делови и места во Светото Писмо мажат да се сфатат правилно само во контекст на целиот текст. Теолозите и свештениците можат ако пишуваат проповед или било што, да читаат и земаат поедини делови, кои им се потребни, ама мораат секојденевно да го читаат Светото Писмо. Многу случувања, личности и мисли се забораваат и потребно е да ги повторуваме преку целиот живот. Така секој пат  читателот ќе пронајди нешто ново, што при предходните читања не го забележал. Обичните музички дела се слушаат повеќе пати за подобро да ги разбереме, па исто се случува и со вредните книги. Можи при почетокот е потребен волев напон за да се навикнеме на секојденевното читање, ама потоа е необично и непријатно ако некој ден испуштиме да прочитаме и најмал дел.

Библијата е зборот Божји, таа е посебна книга, која не може да се чита како другите книги. Како што драгоцениот лек се зема помалку, така и Библијата треба да  се чита пополека со разбирање и доживување. Практичен совет, кој го препорачале многу тихувалници, старци, молитвеници, духовници  и толкувачи на Св. Писмо е да се одреди по една, две или три глави дневно. Меѓу тоа св. Отци нè советуваат да не преминеме кон опасноста на механичкото и формално читање.

Светиот Никодим Агиорит вака вели :

Оние, кои себе си си поставуваат тешко правило обично брзаат да прочитаат сè, негрижејќи се дали доаѓаат до умиление ( разбирање,  соцрцевање,  умоление ) за она што се чита и дали во умот се раѓаат возвишени мисли. Кога нема да успеаат да прочитаат сè што определиле, се нервозни и лути не поради тоа што се лишиле од духовните плодови, туку затоа што нè прочитале сè.

Свети Исак за тоа вели :

Ако сакаш од  прочитаното да имаш корист и да го разбереш тоа што ќе го прочиташ, не обрнувај внимание на бројот прочитани страници, туку задлабочувај се во зборовите на Светиот Дух сè додека душата нè се воодушеви од Божјиот домострој и не почне да го прославува Бога.

            Во брзото читање умот не е мирен, а возбудата смета да се сфати промислата и смислата, слично на пијавицата, која црпи крв од телото, ја краде човековата мисла …

Блажени Ероним вели :

Незнаејќи го Писмото, не го познаваме ни Христа …

проф. д-р Драган Милин, протопрезвитер

Извор : оргинал : О значају читање Светог Писма ;

 – извадок од учебникот Вовед на Светото Писмо на Стариот Завет.

 

МОЛИТВА  ПРЕД  ЧИТАЊЕ  НА  СВЕТО  ПИСМО

 

Човекољубиви Владико, запали во срцата наши бесмртна светлост на Твоето богопознание и отвори ни ги очите на нашиот ум за да ги разберемеТвоите еванглески заповеди. Сади во нас и страв од Твоите блажени заповеди, за да можеме, победувајќи ги сите телесни похоти, да живееме со духовен живот, мислејќи и творејќи што Ти е Тебе угодно.

Зашто, Ти си просветлување на душите и телата наши, Христе Боже, и Тебе слава Ти вознесуваме со беспочетниот Твој Отец и Пресветиот и Благ и Животворен Твој Дух, сега, секогаш и во сите векови !

 

АМИН !

 

 

 

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје