Ете гледате, душата нема манифест. Манифестот е самиот наш дух чија храна е гнев, а ние сме го продале срцето. Нè обзел гнев, пореметил сè однатре и сега управува со нас. Затоа секогаш треба да бидеме внимателни, да го чуваме својот внатрешен мир, да не го фрламе толку лесно, залудно. За секоја ситница се нервираме. Па и ако се случи нешто, некој поголем проблем, не мора да се нервираме. Да чекаме, да видиме како Господ тоа ќе го среди.
Зашто баш ништо на земјината топка, до денот на Страшниот Суд , не останува исто, туку секогаш се менува. Се усвршува, било во добро – било во зло. Непрестајно се менува. Па кога знаеме дека е така, дека сè е непостојано и променливо до денот на Страшниот Суд, тогаш да се потрудиме да не се гневиме, да го почекаме Господ. Тој ќе среди. Ќе биде подобро отколку ние што замислуваме. Секој ден треба да учиме да се смируваме.
А додека не се научиме на смирение, уште многу болки на срцето ќе претрпиме и тоа по Божјо допуштање. „Тој – вели – ме касна баш за срце, па не можам да му опростам“. Како не можеш да му опростиш кога и самиот си ист таков? И ти многумина си разгневил, и затоа научи се да бидеш тивок, мирен, покорен! Додека не ги претрипиме болките на срцето не можеме да научиме да бидеме смирени. Светите Отци велат дека ако ние самите не сакаме да се трудиме да се смириме, Господ нема да престане да нè смирува. Господ секогаш ќе допушта некој да нè разгневи, да нè доведе во состојба на гнев, сè дотогаш додека не останеме мирни. Додека не се извежбаме. Некој ќе нè нападне, а ние мирни. Го чуваме својот внатрешен мир. Сме сфатиле дека нема смисла толку евтино да го даваме својот внатрешен мир.
И ете, душата тогаш санува смирена и кротка, поминува низ животот со разбирање. Луѓето после набљудуваат, па велат – знам, човече, колку беше пргав, колку сакаше сè да биде по твое, а сега некако си станал флегма, сè ти е рамно. Не е тоа рамнодушност, тоа е победа на злото. Гледате, Господ ни дал сила со мир да го победиме злото. Зашто додека сме овде во тело, треба сето тоа со божествена сила до го победиме. Тоа Господ и го бара од нас – со разбирање да го отфрлиме злото, да со обрнеме кон апсолутното добро, со срцето, со целото свое битие, кон Него, кон Господ.