ВЗАЕМНИОТ КОПНЕЖ МЕЃУ МАЖОТ И ЖЕНАТА – ДОБАР ИЛИ ЛОШ? – Старец Порфириј Кавсокаливит

Еднаш го прашав Старецот: „Геронда, душевно-телесниот копнеж, кој се појавува меѓу мажот и жената, има демонско потекло?“ И тој одговори: „Некогаш да, а некогаш не. Сè зависи од околностите“.

За време на нашиот следен разговор, јас се вратив на тоа прашање, и отец Порфириј ми одговори поподробно: „Знаеш, – рече тој, – дека така-наречени среќни бракови навистина постојат. За бракот да биде среќен, од сопружниците се бара чување на еден услов: тие треба да придобијат духовно богатство, љубејќи го Христос и пазејќи ги Неговите заповеди. Тогаш тие вистински ќе се вљубат еден во друг и ќе бидат среќни,. Во спротивно, тие ќе бидат душевно сиромашни и никому не ќе можат да му подарат љубов. Ќе бидат отворени на сатански напади, кои ќе ги направат несреќни“.
„Јас имам чуено, Геронда – му реков јас – дека проблемот на незадоволеноста на чувствените и емоционалните желби меѓу двата пола е неразрешлив. Него го решава само гробот“. Отец Порфириј веднаш ми се спротистави: „Не! Не нарекувај го тоа проблем! Тоа треба да биде вака!“ И Старецот направи со раката гест, како да покажува авион кој полетува. Тој образ, предложен од отец Порфириј е директно спротивен на романтичните описи на пламената љубов, кои почнуваат од надоблачни височини, но потоа, малку-по малку, ја губат висината и завршуваат со принудно слетување. Проблемите на взаемните односи на сопрузите, според Старецот, се директно поврзани со нивното „духовно богатство“, чие поседување или отсуство, соодветно ги влече или нагоре или надолу.

starec porfirij
Старец Порфириј Кавсокаливит