На 17.05.2015 г, на шестата недела по Велигден, посветена на чудото на исцелувањето на слепиот, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп.
Кондак, глас 4:
Ослепен со духовните очи, кај Тебе Христе доаѓам, како слепиот од раѓање, и со покајание Ти повикувам: на оние што се во темнина, Светлино Пресветла.