На 13.04.2015 г, на Вториот Ден кога го славиме Воскресението Христово, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп.
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нe учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нe повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух.
Св. Силуан Атонски