Воздвижение на Чесниот Крст Господов – Ресен

На 27.09.2015 г, кога го празнуваме празникот на Воздигнувањето на Крстот Господов, непобедливото оружје на христијаните, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен.

На Литургијата беше присутен и градоначалникот на Ресен, г. Ѓоко Стрезовски со сопругата, и мноштво верници, кои заедно со Владиката испросија благослов за годинашниот јаболкобер.

Кондак:

Крстот е чувар на целата вселена, Крстот е убавина на целата Црква,

Крстот е за царевите победа, Крстот е на ангелите слава,

и на демоните рана.

P1200997 P1200999 P1210003 P1210006 P1210009

Паримии на славата на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст

2Мојс. 22-27; 16,1

Потоа ги изведе Мојсеј синовите Израилеви од Црвеното Море, и тие се упатија во пустињата Сур; и одејќи низ пустињата три дена не најдоа вода за пиење. Дојдоа во Мера, но не можеа да пијат вода во Мера, зашто беше горчлива; затоа и го нaрекоа тоа место Мера. Тогаш народот почна да вика против Мојсеја, велејќи: „Што ќе пиеме?” Извика Мојсеј кон Господа, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го подложи на испитание. И му рече: „Ако го послушаш добро гласот на Господа твојот Бог, ако правиш, што е угодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови, ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, Бог твој целител.” Потоа стигнаа во Елим; таму имаше дванаесет извори и седумдесет палми; и сите се утаборија тука крај водите. Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од земјата Египетска.

P1210013 P1210016 P1210018 P1210019

Изреки 3, 11-18

Не занемарувај ја, синко, казната од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување; зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби. Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ѝ се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и сè што ти е мило, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата ѝ е – богатството и честа; од устата ѝ излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој; патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се – спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат.

P1210028 P1210032 P1210034 P1210038

Иса. 60, 11-16

Твоите порти секогаш ќе бидат отворени, нема да се затвораат ни дење, ни ноќе, за да се принесува при тебе имотот на народите и да се доведуваат нивните цареви. Зашто народот и царствата, кои нема да сакаат да ти служат, ќе загинат, и а таквите народи сосема ќе бидат истребени. Славата на Ливан ќе дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилиште, – а Јас ќе го прославам подножјето на нозете Свои. И ќе дојдат при тебе со покорност синовите на оние, што те измачуваа, ќе ти се клањаат пред нозете твои сите што те презираа; ќе те наречат град на Господа, Сион на Светецот Израилев. Затоа што беше изоставен и намразен, така што никој не минуваше преку тебе, – Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род. Ти ќе се наситуваш од млекото на народите, и ќе смукаш од царски гради, и ќе познаеш дека Јас, Господ, сум твој Спасител и твој Искупител, Силниот Јаковов.

P1210041 P1210045 P1210052 P1210056 P1210057 P1210058 P1210059 P1210060 P1210062 P1210064 P1210067 P1210075 P1210076 P1210081 P1210095