„Убавината ќе го спаси светот“, – напишал Достоевски. Убавината – е Бог. Колку и да го истражуваме нашиот живот, колку и да го разделуваме на одделни делови, за да го разбереме неговиот механизам, животот во својата полнота секогаш ќе биде прекрасен, Божествен и неспознатлив до крај, како што е неспознатлива убавината.
Колку и да го истражуваме составот на почвата, наоѓајќи во неа постојано нови и нови метали и соли, колку и да проникнуваме во тајната на наследноста, создавајќи нови гранки во науката, умни академии, институти, лабаратории, сепак цвеќето, кое ќе се појави на истражената земја, цвеќето кое ќе излезе од шематското семе, не вчудоневидува со својата убавина. Радоста, која ја дава знаењето, треба да биде дополнета од радоста на созерцанието, и тогаш ќе биде совршена. „Сè знам, сè разбирам, и сепак се зачудувам“, – вели човекот. Вчудоневидување пред СЕ, вчудоневидување, без оглед на сите маки, – тоа е убавината, тоа е спасението на светот, тоа е почеток на патот кон Бога…
А животот без восхитување пред убавината, а значи и без Бога, е празен и ништожен.
Јеромонах Василиј (Рослјаков) Оптински
(убиен на Велигден, 18 Април, 1983 г)