Војник на ISIS примил Христијанство

Алеппо, 3 марта 2015 г.
Откако преживеал клиничка смрт, спасен од монасите, војник на „Исламската Држава“ се кае и преминува во христијанство, населувајќи се во католички манастир во северна Сирија – пренесува информативниот портал „Линга“.

Како што соопштуваат очевидците, триесет и двегодишниот маж, за чудо, преживеал после жестоката престрелка меѓу редовите на ИДИЛ и регуларните државни војски во близина на источните сириски граници. Тешко ранет, војникот бил оставен во пустината, од своите колеги кои отстапиле, без никакви шанси за преживување. Неколку часа после прекратувањето на борбата, откако на тоа место се спуштиле монасите од католичкиот манастир на св. Доминик, го нашле човекот во бесвесна состојба, и мислејќи дека е починат, сепак решиле достојно да го погребаат.

На крај, се покажало, монасите кои го носеле речиси безживотното тело на ранетиот, дваесет и шест километри до најблиското населено место, го спасиле неговиот живот. Не без чудо – поради тешките рани и губењето на крв, срцето на војникот запрело; сепак, преживувајќи состојба на клиничка смрт, тој се освестил.

198529.p
По зборовите на отец Герман Џрушлин, мажот, освестувајќи се, веднаш почнал да зборува за виденијата кои подоцна го довеле во лоното на христијанството.

„Јас мислев дека ако умрам во борба, ќе ми се отворат вратите на Рајот. Но, кога почнав да се качувам нагоре, кон светлината, пред мене со појавија џинигд, кои ме одведоа во Преисподната: таму ја почувствував сета болка, која им ја имав причинето на луѓето во сите години од мојот живот… како посебна казна ми дадоа со свои очи да ја гледам смртната казна на моите жртви. Тие слики ќе ме прогонуваат сиот мој останат живот“, – му раскажал бившиот терорист на свештеникот.
Потоа, мажот чул глас кој му ја објаснил неговата судбина. „Му рекле, дека како човек, тој претрпел пораз – и затоа ќе биде лишен од вратите на Рајот, ако ја избере смртта. Но, ако избере живот, ќе добие уште една шанса да се промени и покае за своите гревови. Тој избрал живот“, – продолжи свештеникот.
Денеска, новокрстениот христијанин живее во манастирот, чии жители го спасиле од смртта. За чудо на лекарите, мажот доста брзо се поправил.
„Осознавајќи ја својата заблуда, тој заклучил дека цел живот бил прелажуван на религиозен план. Сега тој сака, неговата историја да послужи како пример за предупредување на другите радикалисти, кои слушајќи за тоа што ги чека, можеби и тие да се обратат кон вистинскиот Бог и Творец“, – го завршил отец Герман своето интервју.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/77665.htm