Идниот схиархимандрит се родил во затворска болница: неговата бремена мајка ја затвориле за „религиозна пропаганда“. Самиот лежел во затвтор, веќе како свештеник, по истата статија. Од жестоките избивања во затворот отец Зосима засекогаш останал подгрбавен. „Без Исусовата молитва, јас би полудел“, – им велел старецот на своите блиски. Тој не се озлобил, ги љубел луѓето кои оделе кај него со доверба, им служел со дарот, кој го придобил, – молитвата.
(Споменот на Зосима Сокура (1944-2002) беше на 29 август)
Схиархимандритот Зосима, во светот Иван, се родил во затворска болница: неговата мајка, во иднина схимонахиња, била уапсена заради „религиозна пропаганда“. Татко му загинал на фрнотот. Момчето порастило со длабока вера, имало монашки склоности, и уште од рано детство прислужувал во олтарот. Го завршил училиштето со златен медал, потоа ја завршил Ленинградската духовна семинарија и академија – со степен, кандидат по богословие.
Отец Зосима служел во Донецката епархија. Бил крајно нестекнувателен, одел во стар избледен подрасник и стара скуфија, велејќи: „Јас сум монах, мене ништо не ми треба“. Градел храмови и се грижел за нивното благолепие во време, кога сè црковно се разрушувало. Духовните чеда на старецот често се сеќавале: „Службите кај него секогаш беа долги, манастирски, но тој се молеше пламено… Пари за треби не земаше“.
Советските органи за државна безбедност обрнале внимание на „премногу активниот“ селски свештеник. Отец Зосима го уапсиле, преживеал затворска казна, избивања. До крајот на неговиот живот останале траги од тие измачувања за верата: се појавило воспаление на нозете, се отвориле длабоки рани, болка во белите дробови, од ударите му пораснала грпка. Старецот им кажал на своите чеда: „Да не беше Исусовата молитва, јас ќе полудев“. Измачувањата само ја засилиле неговата пламена молитва и ревносна вера.
Еднаш, кога станало збор за Руската Задгранична Православна Црква, подгрбавениот старец забележал: „Задграничните нè обвинуваат за соработка со КГБ, – и, лесно удирајќи се по грпката, весело додал: – еве, гледаш каков знак имам од таа соработка“.
Старецот основал два манастири: Успенскиот Свето-Василевски машки и Успенскиот Свето-Николаевски женски манастир. Бил исто така духовник на Донецката епархија.
Отец Зосима имал многу редок, посебен дар Божји на молитва. Ги љубел луѓето, и тие оделе кај него за духовна поддршка. За чистотата на животот Господ му дал на Својот избраник дарови на духовно расудување, исцеление на душите и телата човечки – пред неговата молитва отстапувале смртоносните и неизлечливи болести.
Отец Зосима стекнал исто така дар на прозорливост, познавање на срцата на луѓето. „Тој ги знаеше и сите наши мисли“, – тие зборови, во разни варијанти ги повторуваа многу духовни чеда на старецот. Со духот, тој ги познаваше маките и искушенијата на своите чеда, говорејќи им: „Кога ти е тешко, повикај ме – и јас ќе те слушнам“. Уште им велел, како на шала: „Зосима чувајте си го на страна, штом треба – „Батјушка, помагај!“.
По благослов на отец Зосима, со негово учество и помош во Донбас биле изградени околу десеттина храмови. Посебно место во неговото срце заземала Богаделната, или Домот за Милосрдие, каде нашле прибежиште немоќни луѓе во поодминати години. Старецот учел: „За да не се разгневи Господ на нас – секогаш помагајте им на немоќните“.
Посебно благоговејно старецот се однесувал кон богослужбите, многу ја почитувал Мајката Божја. Во чест на Нејзиното пречесно Успение тој ги посветил двата манастири основани од него – Успение бил негов омилен празник. Господ благовремено му ја открил на својот избраник, датата на неговото упокојување. Отец Зосима им велел на браќата: „Кога ќе умрам, вие ќе знаете: часовникот над моето молитвено столче во олтарот ќе запри“.
На 29 август, на вториот ден од Успението на Пресвета Богородица, во 23.45 ноќта, застанало срцето на схиархимандритот Зосима – истовремено кога запрел и часовникот над молитвеното столче во олтарот. Така завршило времето на земната молитва на старецот, и започнало да се одбројува неговото молитвено застапништво во блажената вечност.
(Продолжува…)
Извор: Православие.ру