Би сакал да ви посакам, еден убав ден да можете да слушнете од устата на вашето дете:
Ви благодарам што сте ме воспитале како христијанин.
Ви благодарам што сте ми давале точни одговори на тешки прашања.
Ви благодарам што секогаш со почит се однесувате кон мојата желба да бидам независен, ми помагавте да створам одговорност и да ја сфатам сопствената слобода.
Ви благодарам што сте ми дозволиле да стекнам искуство од моите грешки и што со разбирање се однесувавте кон неопходноста да ги правам.
Ви благодарам што сте ми ги проштевале моите груби зборови и постапки.
Ви благодарам за тоа што бевте мои родители а не “другари”.
Ви благодарам за вашето благонаклонето и учтиво однесување кон моите другари.
Ви благодарам за вашето човечко сочувство, за вашиот интерес за мојот живот и мојата душа.
Ви благодарам за тоа што сте ме научиле да го почитувате авторитетот на другите луѓе, да ја ценам искреноста, да ги почитувам меѓучовечките односи, да станам великодушен човек кој проштева.
Ви благодарам што никогаш не сте ги затвориле очите кон моите неправди.
Ви благодарам што сте ме научиле да велам одлучно “НЕ” во случаи кога поедноставно и полесно да се каже “ДА”.
Ви благодарам што во сè за мене бевте пример, достоен за почит и уважување.
Ви благодарам за сè, драги мои родители!
Бог денес гласно чука во татковите и мајчините срца. Прости ни, Господи, ние нема да ги запоставуваме нашите деца. Нема да доцниме во нивното воспитување, лесномислено симнувајќи го од себе родителското овластување.
Господи, нема да капитулираме, ја прифаќаме одговорноста за нашите деца и за нивното воспитување. Ние сакаме да ги воспитаме за Тебе и за нив, но не за себе. Ти ветуваме дека ќе ги пуштиме самостојно да живеат и веруваме дека во Твојата промисла има место и за нив.
Веруваме дека Твојата љубов е многу поголема и помудра од нашата родителска љубов. Нам ни е лесно да ги довериме нашите пораснати деца во Твоите раце, кои постојано милуваат. Нека биде на нив Твојата Света Волја. Амин.
Извор: http://www.svetosavlje.org/
Поврзано: Драги родители – Игумен Евмениј (I дел)