28 март 2015 г.
Според веста на турскиот весник «Hürriyet», многу турци-муслимани бараат исцеление од своите болести во… православните храмови во земјата.
Статијата во весникот „Hürriyet“, е објавена под наслов „Во која црква одат и со каква надеж?“ раскажува за тоа дека турците главно ги посетуваат грчките православни цркви во регионот на Константинопол, пренесува Седмица.ru.
Прва, и најпозната меѓу нив, која фигурира во тој чудесен список, е црквата на светиот великомаченик Георгиј Победоносец на Принцевските Острови, која станала светски позната имено за масовната посета од турско население, која доаѓа тука по повод празникот на 23 април.
Покрај тоа прекрасно место, турското население оди и во други православни цркви. На пример, според податоците од дадениот весник, многу турци доаѓаат во храмот на св. великомаченик Димитруј во Kuruçeşme – се смета, дека тука може да се излечи грлото и проблемите со гласот. Многу турски поклоници, неми или кои страдаат од дислексија, исто така одат во оваа црква.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/78234.htm