На 21.11.2015 г, кога го празнуваме споменот на светиот Архангел Михаил и на сите бестелесни Сили Небесни, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот посветен на „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп.
На литургијата присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп Никола Димески. Верниот народ во Прилеп, просејќи го застапништвото на светиот Архангел Михаил и на сите бестелесни Сили, непрестајно ја сведочи љубовта кон ова светилиште, небоземно вдлабнато во карпите над градот, нивни духовен зародиш.
[nggallery id=79]
https://www.youtube.com/watch?v=PtW4gXSHnNA