«Токму тогаш јас престанав да чувствувам болка…»
Ова е расказ на мајка ми, Јулија Комарова:
Кон светителот Лука имам посебен однос. Тоа беше прв светител, за кого јас нешто дознав, ја прочитав неговата автобиографија во 1991 година. Но, посебно драг ми стана тогаш, кога се преселив од Крим во Подмосковје. Ми изгледаше, дека имено преку неговите молитви, ги одржувам врските со Татковината.
После раѓањето на четвртото дете, јас се почувствував многу слаба, а помош, како што тоа секогаш се случува во тешките моменти, немаше од каде да очекувам – ние живеевме во Красногорск, без баби-дедовци, а за дадилка не стануваше ни збор, тие се појавија подоцна во голем број.
А никогаш немавме ни одвишок пари за дадилка или сличен „раскош“. И така, морав да ја влечам од спрат на спрат затворената количка, од советско време, која ни ја дадоа едни добри луѓе. Таа беше тежок терет за мене.
На крај, јас добив кила – со голема болка во стомакот и дури покачена температура. Морав итно да отидам на лекар, кој еднозначно ми рече: „Операција, и ништо други! Вам во секој момент може да ви се влоши состојбата!“
А јас, за следниот ден имав купено билети за воз „Москва-Симферопол“: уште еден месец претходно ние испланиравме да отидеме кај моите родители летото, и предвреме купивме билети. Што да правев? Да ги вратев билетите? А со кого ќе беа децата, додека јас би лежела во болница? Мажот ми не можеше тогаш да ја остави работата.
Мојот мудар очув ми предложи: „Дојди кај нас, ако нешто се случи, ќе те оперираме во нашата болница, а децата ќе ги чува мајка ти. Тука ќе биде поедноставно“. И јас заминав, решавајќи да го игнорирам страшното „влошување и зашеметување во секој момент“ и да се надевам на Господа. Родителите нè чекаа со кола во Симферопол.
Поминувајќи покрај храмот, јас ги замолив да застанат, за да се поклонам на моштите на светителот Лука. Децата со радост искокаа од колата, а јас, со малечкиот Александар влегов во храмот. Во то момент помина колата на владиката Лазар, и ние отидовме да земиме благослов. Во храмот беше тивко и мирно, службата беше при крај.
Како и сегогаш, крај моштите, мислите ми излетаа од главата, сите молби некаде исчезнаа, само некаква апсолутна смиреност, полно спокојство, и чиста (би рекла „детска“ –и непоматена) вера ми останаа… Не знам зошто, ама никогаш не знам да молам за нешто важно во оној момент, кога пристапувам до светињата: срцето замира, здивот дури ми запира, а за формулирање на мисли не ни зборувам…
И веќе стигнавме дома, во Севастопол. Цел ден пречекувавме роднини, јадевме најсвежи јаготки со јогурт, сваривме млади компири, шетавме по Приморската населба… Следното утро, кај очувот дојде лекар да го прегледа неговиот бронхит (дедото имаше хроничен бронхит – почнал да пуши уште во војната, на фронтот, кога имал 14 години) и истовремено зеде да ја прегледа мојата кила. Ме праша:
– Те боли?
Јас се замислив и одговорив збунето:
– Не… страшно ме болеше цел пат, а сега воопшто не ме боли…
– Ама еве, јас воопшто не можам да најдам кила.
– Но, како! Буквално завчера лекарот ми рече дека потребна е итна операција!
И тогаш се сетив, како се поклонував на моштите на светителот. Токму тогаш, јас престанав да чувствувам болка.
Улjaна Комарова
Подетално за животот: http://agapi.mk/sveti-luka-voeno-jasenecki/