Старомоден збор, верност

Сите ние се сметаме за многу умни (барем досега не сум сретнала некој, кој доброволно би се нарекувал глупав). Се разбираме од компјутери и политика, знаеме точно кога-што треба и не треба, слободно џоглираме со евангелски цитати и медицински термини. И секундарно ја освојуваме количината информации, која нашите предци ја здобивале во десет години. Но зошто сè помслку и помалку ги употребуваме зборовите „чест“, „уредност“, „верност“?

Овој старец има 80 години. Секое утро ѝ носи појадок на неговата сопруга, која живее во дом за стари лица и со свои раце ја храни.

Еднаш, го прашав зошто жена му живее тука.

– Таа има Алцхајмер. Не можам да се грижам за неа сам дома, и не ни стигаат средства, затоа е тука, во старски дом.

– Ќе се налути ли жена ви, ако не ѝ донесете доручек утре?

– Не, таа ништо не се сеќава. Веќе поминаа пет години, откако не ме ни познава.

– Колку интересно, и наспроти тоа, вие секое утре сте тука, иако можете да престанете да доаѓате, а таа воопшто нема да се сеќава на вас.

Старецот тажно се насмевна и рече?

– Затоа пак јас се сеќавам која е таа…

 

Марија Сараџшвили

http://pravoslaven-sviat.org