Старецот во една пригода го посети еден брат. Додека старецот се подготвуваше да го послужи со локум и вода, братот забележа дека преку прозорецот во собата влета пчела. Зеде лист хартија и се обиде да ја натера да излезе, удирајќи ја со хартијата. Меѓутоа, трудот му беше залуден. Кога виде што прави, старецот му рече:
„Не, благословен, пчелата нема да замине ако не ја истераш на добар начин! Еве, види! Ова е добар начин да се истера!’’
Старецот пријде и ја положи раката. Пчелата слета на неговата рака, а тој потоа ја испружи раката низ прозорецот и пчелата одлета.
„Добриот начин помага и во најлошите случаи’’ – објасни старецот.
„Древните отци нагласуваат дека добриот начин и злото го прави добро, додека, напротив, лошиот начин и од доброто прави зло!’’
Подготвил: Б. Ч.