За децата, старец Пајсиј велел: „Без притисок; не притеснувајте ги премногу децата“. И приведуваше пример со дрва: „Малечкото дрвце, внимателно го врзуваме за колче со крпа или памучна врвца, за да не се повреди. И не затегнуваме силно, за да може лесно да расне. Така и со децата, треба да ги воспитуваме со мекост, ласкавост, додека се малечки“. Тој велеше, да бидат покрај нас во љубов, да ги учиме да учествуваат во Таинствата, да им објаснуваме што значи духовен отец, што значи исповед. „Утре, кога ќе порастат, тоа што го примиле во детството, нема да пропадне“. Тој исто така приведувал пример со клучот за навивање на часовниците. „Не завртувајте го до крај, за да не се скине прижината. Исто и со децата: штом ќе видите дека им е тешко, ослободете го притисокот“. Кога ќе му кажувале, дека постарите деца застраниле од патот и правеле сè и сешто, тој ги успокојувал: „Не грижете се. Тоа е кал. Тоа не нанесува длабока штета, затоа што внатре има киновар. Тоа не предизвикува р’ѓа. Еднаш, калта ќе се измие, ќе падне, и р’ѓа нема да остане.