На 04.10.2015 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф и Јосиф.
На семакедонскиот собор присуствуваа верници од сите краеви на татковината. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: tge.mk