Си паднал – стани. Боли – трпи. И не нарекувај го гревот норма, а болеста – неопходност. Согорувањето на елејот се случува кај сите, без исклучок. Сите ризикуваат да го изгубат огнот во светилникот на верата – зашто елејот малку-по малку се троши. Но, треба регуларно да дотураме масло во светилникот и да собираме резерви, држејќи ги при себе. Догорувањето ќе биде катастрофално и неповратно, ако не се грижиме за резервата на маслото. А тоа значи: прави добро во Христос, умножувај ги молитвите, собирај елеј на Светиот Дух денес – во дните на изобилство на верата. Затоа што неизбежно ќе дојдат денови на скудност, суша и тешки искушенија. Во тие дни, ќе преживеат оние, кои имале резерви.
Протоереј Андреј Ткачев