Да се веселат небесата и да се радува земјата!
Нов угодник Божји се прославува од Црквата.
Нов молитвеник и застапник за грешните луѓе отворено се јави на Небото. Не денеска тој се освети. Од денот на неговото преселување во Царството Небесно тој влезе во хорот на светиите и со нив претстои и се застапува за оние кои му се обраќаат за помош. Со нив тој го прославува Творецот и се насладува со неискажлива радост. Уште одамна, дури и кога бил жив, многумина го почитуваа како угодник Божји. Чудата, кои се случувале преку него, сведочеле за тоа. Но, тоа биле мислења или чувства на одделни личности, и служеа за него панихиди како и за обичните луѓе. Денеска пак, Црквата објавува: „Навистина, овој е избраник Божји. Навистина, овој е праведник и застапник за нас пред Бога“. Празнува земната Црклва, а со неа се радуваат светите Ангели и угодниците Божји. Нема меѓу нив завист и поделби. Кога се прославува еден од нив, сите се радуваат со него. Не се радуваат толку за честа која му се оддава, колку што се радуваат што многумина преку него се обраќаат кон Бога. Се радуваат за тоа, што луѓето од грешниот свет, го насочуваат својот умствен поглед кон небото. Да ги подигнеме нашите духовни очи и ќе го видиме Јована во славата небесна.
Кој е тој? Тој велик праведник. Сиот свој живот се трудел да ги сочува Божјите заповеди, и да прави сè онака, како што заповедал Бог. Тој е благоговеен свештенослужител на Црквата. Не по наследство, како старозаветните свештеници, туку поради неговиот искрен стремеж да му служи на Бога станал свештеник. Топло ги вознесувал молитвите пред Бога, усрдно го пазел црковниот Устав, навистина бил образец и пример на сите свештенослужители. Затоа и неговата молитва била дејствена. Тој бил воплотување на милосрдието, сите ги жалел, на сите им помагал. Не само што се одзивал на молбите за помош, туку и самиот ги барал оние што имале потреба. Бил снисходлив кон сите, се трудел да им помогне на сите, на едни давајќи им милостиња материјална, животна, други подигнувајќи ги од гревовните падови и збогатувајќи ги со духовни дарови. Тој бил страшен изобличувач на човечките гревови како пророците Илија и Јован Крстителот, не плашејќи се отворено да им ја кажува на луѓето вистината. Благ кон оние што се каеле, колку и да биле големи нивните гревови, но упорност во гревот не трпел.
Великиот чудотворец, со своите чуда го наполнил цел свет, како св. Николај Чудотворец, а со своите поуки го упатува секој кој го бара патот Божји. Прозорлив, кој гледал што има во луѓето кои доаѓале кај него, каков е нивниот живот, и давајќи спасителни совети на секого, на крајот на земниот живот веќе станал пророк, кој ги предвивел маките што ќе дојделе, ако не се појавело покајание и исправување на животот.
Да му повикаме сега, кога пред сите засветли на духовното небо: „Моли се за нас, правендни оче Јоване, и обрати нè сите нас на патот на спасението и твојата и нашата татковина избави ги од бедите кои треба да дојдат според твоето пророштво, радосно да ти повикаме: радувај се, праведни оче Јоване, пречуден чудотворче и за нас, пред Бога молитвениче! Свети праведни оче Јоване, спаси нè со твоите молитви!“
Светител Јован (Максимович) Шангајски, 1964
Извор: http://www.pravoslavie.ru/put/28870.htm