Синко, стани!

Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои – дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил. Раните на телото мое се подлутиле, но уште не црвосале; затоа и лекарство не барам. Ги скривам раните мои од стрелите; не можам да истрпам некој да ги лекува. Лекарот облози ми препорачува за раните мои, но немоќно е срцето мое да ги истрпи таквите болки. Лекарот е добар, не бара да му платам, но мрзата ми пречи кај него да појдам. Тој самиот при мене доаѓа и ме наоѓа да јадам храна што ги подлутува раните мои. Ми забранува да јадам таква храна, но нејзиниот пријатен вкус го измамува моето срце. Кога ќе се нахранам, се кае срцето мое, но каењето мое не е искрено. Лекарот мој добро јадење ми праќа и ме советува него да го јадам, за да оздравеам. Но, мојата лоша навика не ми го дозволува ова. Навистина, јас не знам што треба да правам.

 

( извадок од Добротољубие Том I )

Подготвил: Гораст Димитриевски