Љубовта на старецот немаше граници, таа беше бескрајна. Се распространуваше на сите деца Божји, на сите луѓе: пријатели и непријатели. Тој ми велеше: „Во венецот на нашата љубов кон пријателите има разни примеси (пресметливост, взаемност, суета, слабост, пристрасна симпатија), додека венецот на љубовта кон нашите непријатели – е чист“. Тој уште велеше: „Нашата љубов кон Христа треба да допира насекаде, да проникне дури кај хипиците во Матала (Матала – прекрасно место со песочна плажа и уникатни пештери на островот Крит, во близинана градот Аја Триада. Таму, од средината на 1960-те до средината на 1970-те секоја година се одржувалае собири на сите хипици од Европа). Јас многу сакав да отидам таму, не за да им држам проповед, или да ги укорувам во нешто, но за да поживеам заедно со нив „без грев“ и да им дадам можност за љубовта Христова, која преобразува, зборува самата за себеси. Сум сретнал хипици и многу сум ги жалел. Тие беа како „овци, кои немаат пастир“ (Мт. 9, 36).
Што се однесува на моите врски во општеството, тој велеше: „Христијанскиот подвиг не се состои во проповеди и спорови, туку во вистинска, скриена љубов. Кога ќе почнеме да спориме, луѓето започнуваат да се спротивставуваат, и се појавива одбивност. Кога пак ги сакаме, тоа ги трогнува, и тие преминуваат на наша страна. Кога љубиме, ни изгледа дека ние нешто им даваме на другите, додека всушност ние го придонесуваме тоа нешто најнапред за себеси. Љубовта бара жртви. Смирено ќе жртвуваме по нешто наше, што всушност не е ни наше, туку Божјо“.
Старец Порфириј Кавсокаливит.
од книгата „Совети од Цветословот
Извор: https://www.facebook.com/Orthodox.diary?fref=ts