Рождество на Пресвета Богородица – Трескавец

На 21.09.2015 година, кога го празнуваме раѓањето на Пресветата Богородица од неплодните, праведни Јоаким и Ана, во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, беше отслужена Божествена Литургија.

На литургијата богослужеше архимандритот Никола (Трајковски).

Ова древно светилиште и неугасив светилник за прилепчани, повторно беше посетен и од градоначалникот на градот Прилеп, г. Марјан Ристески, како и од верниот православен народ, кој неуморно се искачува на оваа планина, поблиску до Пресветата.

1t 2t 3t 4t 5t

„…Затоа, да запееме благодарни песни, оти Адам се пресоздава и Ева се обновува. А со ова, и клетвата е крената и нашата природа човечка, отфрлајќи ја мртвата кожа на гревовната маска, прима облик на својата древна чест на ликот Господов. Заедно да воспееме благодарствени песни и да се собереме, заедно, како едно, оти со доаѓањето на Дева од неплодна утроба, неплодноста на природата се осветува, на нејзината неплодност била накалемена многуплодноста на добродетелите… Лествицата што се издига кон небесата била изградена и природата човечка, надминувајќи ги своите граници, пребива во небесните пребивалишта.

Престолот Господов е подготвен на земјата, земните ствари се осветени, легиони од небесните се мешаат со нас и Злиот, кој, на почетокот нè заблуди и стана началник на клеветата против нас, е поразен од сопствениот рог. Кој може да ги искаже чудните дела Божји? Кои зборови може да ја изразат силата на нештата над зборовите? И како некој не би се здрвил, обидувајќи се да ја дофати големината на [овие] дела? Најпрвин, Бог ги создаде луѓето, оти беше поттикнат од неприопштиво изобилство на љубов кон нас, давајќи му на созданието благодат да ја носи силата и сликата на неговиот Создател, во достоинството на телото и духот. Рајот, најслаткото и најљубено нешто, беше насаден на Истокот, намирисан од цвеќето во градините и навистина преисполнет до преобилство со привлечни и најразлични плодови од дрвјата“…

Свети Фотиј Велики (Извор: http://agapi.mk)

 

6t 7t 8t 9t 10t 11t 12t 13 14t 15t 16t 17t 18t 19t 20t 21t 22t 23t 24t 25t 26t

Известува: богослов Дамјан Трпкоски