Роднините на Бога

Десетгодишно момче, тресејќи се од студ, босо стоело пред излогот на една продавница за чевли, и не одвојувајќи се, гледал во топлата облека. До него дошла некоја дама и го прашала:

– Пријателче малечко, што гледаш толку интересно низ стаклото, што размислуваш?

– Го молам Бога, да ми даде еден пар чизми, – одговорило момчето.

Дамата го зела детето за рака, и влегла со него во продавницата. Таа го замолила продавачот да ѝ донесе неколку пара детски чорапи и прашала, дали може да ѝ донесе леѓен со топла вода и крпа. Продавачот донел сè, што побарала дамата. Таа го зела момчето во задниот дел од продавницата, ги соблекла нараквиците, ги измило нозете на детето, ги избришала со крпа. Продавачот ѝ донел чорапи. Дамата му облекла аден пар на нозете на детето, потоа му избрала и му купила чизми, му ги спаковала другите чорапи и му ги дала на момчето. Потоа го погалила по глава и рекла:

– Сега, несомнено, се чувствуваш многу подобро.

Таа се завртила, за да замине. Во тој момент, момчето се допрело до нејзината рака и гледајќи во неа со солзи во очите, прашало:

– Вие сте Му жена на Бога?

 

„Верата без дела е мртва“ (Јаков 2, 26).