Човекот, кој сака да се избави од тага, треба да се научи да ја гледа смислата и радоста во секој еден ден, час и во секоја минута од неговиот живот.Кога одиме да се прошетаме – да се потрудиме да обрнеме внимание на сè околу нас, да набљудуваме, да поразговараме со некој – трудејќи се да видиме нешто прекрасно во тој човек, да се научиме на нешто убаво од него и ние самите. Кога читаме книга – да не ги голтаме само страниците, а да се замислиме над прочитаното, да забележиме нешто, а потоа да анализираме. Така нашиот живот полека, полека, ќе добие своја осмисленост и комплетност. Многу е добро, ако работата принесува задоволство на душата. А ако тоа задоволство сеуште го нема, тогаш секое дело пробајте да го работите со радост, и да се научите да ги пронајдете на истото, неговите убави страни. Дури и најпримитивната работа како на пример “чистење, миење на садови ит.н.” може да ви донесе задоволство, ако е сработена добро и совесно.
Свештеник Павел Гумеров
Превод: Ирена Арсова