Двајца браќа отидоа заедно во пустината и се подвизуваа во иста ќелија*. Ѓаволот, завидувајќи на љубовта нивна, се обидел да ги развои.
Една вечер помладиот отиде да го запали кандилото, го превртил и истурил маслото. Постариот се разгневил и му удрил клоца. Тогаш најмалиот без да се спротивстави паднал, му направил метанија и кажал понизно:
–Прости за моето невнимание, Брате. Сега веднаш ќе приготвам друго.“
Во истата ноќ еден пагански свештеник, што во тој момент се наоѓал меѓу идолите, ги слушнал демоните да прават суд меѓу нив. Еден од нив исповедал засрамено пред водачот негов:
–Одам и правам неред на монасите. Но што сум виновен јас, кога некој од нив се понижува и прави кон другиот метанија и ми ја уништува сета работа?
Слушајќи ги паганот демоните, стана вистински христијанин и се повлече во пустината. Во сиот негов живот остана во неговото срце, и со понизност во устата негова постојано го имал сеќавањето „прости ми“.
* Ќелија – монашка заедница, помала од скит, каде што живеат само неколку браќа, која содржи и храм во кого се богослужи.
Превел: Г. Д.