На 22.02.2015 година, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Битола.
Вечерта, истиот ден, во сослужение на свештениците од Битолското архиерејско намесништво, владиката отслужи Вечерна богослужба со Чинот на простување.
За стекнувањето на тоа (благодатно, духовно) милосрдие зборува Апостолот, кога ги заветува оние кои поверувале во Христа: Облечете се како избраници Божји, свети и возљубени, во утроба на штедрост, благост, смиреномудрие, кротост и долготрпение: примајќи се еден со друг и проштевајќи си, ако некој има лутина на некого: како што Христос ви простил, така и вие.
Може ли, гледајќи го сонцето со телесните очи, да не се радуваме? А колку е порадосно, кога со внатрешното око умот ќе го види Сонцето на Правдата, Христос. Тогаш навистина се радува со ангелска радост; за тоа рекол и апостолот: нашиот живот е на небото (Фил. 3, 20). – Свети серафим Саровски