На 27.04.2015, кога Светата Православна Црква го слави споменот на светиот Мартин папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски г. Петар одржа предавање во просториите на Македонската Православна Богословија „ Свети Климент Охридски “ во Скопје, на тема: „ Благодатта Божја – цел на христијанскиот живот “. На предавањето присуствуваше и ректорот на Богословијата, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, професорскиот колегиум и учениците.
На предавањето владиката ја истакна важноста на Благодатта во христијанскиот живот, како ние да ја здобиеме, не по наша заслуга поради нашите дела, туку поради преголемата Милост Божја. Истакна како Таа се раздава на клирот и на мирјаните и како Таа дејствува во нас.
Известува: богослов Дамјан Трпкоски