Актерот Кери-Хиројуки Тагава, кој ја одигра главната улога во филмот „Иерей-сан: исповедь самуирая“ („Јереј-сан: исповед на еден самурај“) прими крштение во Руската Православна Црква. Таинството го изврши митрополитот Волоколамски Иларион. Новокрстениот го доби името Пантелејмон. Претходно, актерот исто така соопшти, дека сака да добие руско државјанство. Неколку часови пред крштението, Тагава ни раскажа за својот животен пат и за неговото доаѓање во православието.
Не војници, туку воини
Во историјата на моето семејство, постои врска со Русија. Додека мојот татко беше воено лице во САД, тој го изучуваше рускиот јазик. А мојот чичко, познат пеач во 60-те, секоја година доаѓаше во Москва на концерти. Тој исто така зборуваше и пееше на руски јазик, затоа тој – е дел од мојата историја, поврзана со Русија.
Мене ми остави впечаток длабочината на душите на руските луѓе. Тоа е првото што ми падна во очи. Вашата душа, срце и ум многу се разликуваат од американското мислење и сосема се разликуваат од европското мислење. Вие потекнувате од некаква длабока енергија, која потполно се чувствува.
Јас израснав во Америка, и јапонскиот дел од мојата душа ми помогна да преживеам, иако бев далеку од својата татковина. Кога дојдов во Русија, ја почувствував таа основа која е во мене од Јапонија, а е многу блиско до душата и срцето на руските луѓе. И најважното, што го забележав – се токму сличноста на карактерите и душите на тие два народи: и вие, и ние – не сме војници, туку воини.
Малку подоцна, денес јас ќе ја примам православната вера и ќе го започнам својот религиозен пат. На мојот пат ќе заврши полниот круг од обраќање во христијанството.
Јас го видов адот
Татко ми служеше на Хаваите во воена служба на Соединетите Американски Држави. Мајка ми имаше многу конзервативни јапонски погледи и култура, многу самурајска енергија и карактер, имераторско-јапонско-воено расположение. Затоа, во нашето семејство имаше две држави: армијата на САД и јапонскиот флот (се смее). Таа пропаст беше огромна. Мене ми остана – да го соединам најдоброто од двете страни на таа пропаст.
Јас растев и во Лузијана, и во Северна Каролина, и во Тексас – во најлошите делови на Америка. Затоа можам со целосна одговорност и сериозност да кажам, дека пораснав во адот. Затоа, ако зборуваме за патот, за адот, за мене, тоа не е теорија, а практика на животот во Америка, тој опит, кој го поминав. И тревката која ме спасуваше – беше карактерот на мајка ми. Таа секогаш ме вдахновуваше, да се гордеам што сум јапонец. Никогаш да не се предавам и секогаш да бидам победник. Тоа беше многу за шестгодишно дете.
Јас успеав да се пробијам во Америка и да го најдам својот пат – без битки и тепачки, но не предавајќи се. Уште од првите класови, јас го избрав својот пат. Да ги обединувам луѓето, да ги водам, а не да се тепам. Да не се тепам и да не се предавам, туку да бидам водач. Тоа не беше лесно, но во тоа беше и успехот. И тој успех не значи, дека јас почнав да припаѓам на општеството, тоа едноставно значи, дека станав успешен. Тоа не значи, дека луѓето ме разбраа.
Сиот недостаток на чесни и позитивни емоции, поврзани со успехот, јас ги насобирав во себе. И сè, што би сакал да поврзам со длабока култура, сè, што не можев да го поврзам со американската култура, го поврзувам со вас. Јас ја чувствувам љубовта и почитта на руските луѓе кон јапонците, кон нашите принципи, кон честа, достоинството. Кога гледам руски борци од источните боречки вештини, јас веднаш ги разбирам, и тие ме разбираат мене.
Мајка Русија
И бидејќи ја имам таа врска со мајка Русија, не само Русија, туку мајка Русија, сакам да бидам дел од вас. Сакам и јас да ја споделам мојата љубов и почит како актер со вас, и можам да бидам учител, сепак, веќе сум возрасен човек. Затоа сега, кога започнува мојот пат во православната вера, поминат е целиот круг на христијанството, започнувајќи од тој опит на христијанство, кој го имав во Америка. Исто така, сакам да објавам за тоа, дека сакам да извадам руско државјанство.
Знам, дека изгледа некако чудно, како некој спортист од Америка или актер од Холивуд, да следи некоја нова, модерна појава, таков е новиот тренд.
Но моето решение доаѓа од чисто срце, од тој пат, кој го поминав низ страдања и болка, и од сфаќањето, дека најважно во животот – се сепак душата и срцето.
Јас разбирам, дека во светот сега има многу проблеми, конфликти, и нема едноставни решенија, сè е доста сложено, но и во Америка не е едноставно. Тоа е нов испит.
Да се стане православен христијанин, исто така не е едноставно во овој момент, имајќи ги во предвид сите религиозни конфликти, кои ги имаме сега во светот. Но мојот живот секогаш бил исполнет со конфликти и нивно разрешување. И тоа беше знак Божји, кога се појави во мојот живот можноста да станам православен христијанин. Можност од Бога да бидам православен христијанин и можност како човек да го најдам својот народ. И не е важно, какви ќе има искушенија, и сложности, јас ги примам како вистински јапонски воин.
Јереј-сан
Овој филм беше многу близок за мојот живот. Мојот лик во филмот, пред да стане свештеник, бил јакудза[1], дури не бил ни самурај. Но, тој имал принципи, принципи на самурај. И тој го напуштил тој свет и станал свештеник. И кога направив свое истражување на таа тема, дознав, дека навистина имало неколку јакудзи, кои станале свештеници. И јас сега чувствувам во мојот живот, дека ги соблекувам одеждите на самурајот, и спремен сум да облечам свештеничко расо.
Многу би сакал да споделам од својот опит, имено во боречките вештини, но не од позиција на тепачките.
Уште кога започнав да се занимавам со боречки вештини, првото што го сфатив, е дека секоја тепачка води кон уште поголема тепачка. Кинезите велат, дека ако видиш неразрешен конфликт – веднаш копај два гробови (не можам точно да го преведам сега): едниот за себе, другиот – за твојот противник.
Јас чувствувам голема почит кон луѓето, кои се занимаваат со боречки вештини и на тоа го посветуваат сиот свој живот. Мислам, пред сè, не на самите тепачки, туку во односот кон боречките вештини, дека тоа е друга страна на борењето, друг поглед. Кога во воините паѓале стрели, од тоа практично и започнала акупунктурата како наука. Затоа, и од таа гледна точка ми се интересни боречките вештини, не од гледна точка на тоа, како обука за тепање, туку да се најдат нови патишта за лечење на душата и телото. И тоа е веќе нов стадиум. Можеби звучи просто, но тоа има однос кон љубовта.
Значењето на зборот „самурај“ – е „слуга“, служба на доброто, служба на љубовта, за тоа треба да имаш љубов и душа во себеси, и вистинскиот воин треба да има љубов и сострадание во душата, за да се занимава со боречки вештини. Јас, така и ги тренирам борците, и со тоа би можел да се занимавам. И за мене би било многу предизвикувачки и интересно да ги тренирам руските борци.
Се крштева слугата Божји Пантелејмон
Кери-Хирјуки Тагава – е американски актер со јапонско потекло, познат по негативните ликови во воените филмови на крајот од 1980-те – до средината на 1990-те години. Одиграл епизодни улоги во сериите „Ѕвездени патеки: Следна генерација“, „Гром во рајот“, „Спасителите на Малибу“, а исто така во епизодата„Убедување“ од серијата „Вавилон-5“. Се снимал и во филмови, како „Смртна битка“, „Перл Харбор“, „Мемоарите на една гејша“.
„Јереј-сан“ –е руски филм. Неговата премиера е на 26 ноември, 2015 год. Еден од сценаристите на филмот е свештеникот Иван Охлобистин, кој во филмот ја има главната негативна улога. Музички продуцент на филмот – е Борис Гребеншчиков. Филмот е предназначен за лица постари од 16 години. Главниот херој – Такуро Накамура, во крштението отец Николај (Кери-Хирјуки Тагава) – е свештеник на јапонската православна црква, роден брат на главата на еден од највлијателните кланови јакудза, во минатото професионален спортист. Откако неочекувано завршува во Русија, отец Николај ги обединува селаните околу полуразрушената црква и се поставува како нивни заштитник во конфликтите со локалниот криминал.
Фотографии на Ана Галперина, текст на Ана Данилова
[1] Група на луѓе, кои имаат лидерска положба во криминалниот свет.