Писмо од грузинската интелегенција до специјалниот претставник на Европа во Грузија, Томас Хаммарберг. Писмото, под наслов „Почитувајте ги нашите традиции!“ било под пишано од големио класици, педагози, политиколози, државници, скулптори, студенти, многудетни мајки… Меѓу потписниците имало и претставници на различни националности и вероисповеданија: грузијци, руси, азербејџанци и ерменци, православни, муслимани, и грагоријанци.
Писмото станало една од главните теми на расправа во грузинските медиуми и предизвикало метеж кај пропагандистите на антитрадиционалните вредности во Грузија. Долу го приложуваме целосниот текст.
Грузинска свадба
Почитувајте ги нашите традиции!
Батоно Томас!
Се запознавме со вашата статија за состојбата на човековите права во Грузија, и сaкаме да одговориме на тој негов дел, во кој вие зборувате за нашите национални и религиозни малцинства, и не знаеме зошто, но во истиот контекст – за правата на пропаганда на сексуален разврат.
Најпрвин, да забележиме, дека нашето општество толку ги почитува, и со таква толерантност се однесува кон претставниците на нашите национални и религиозни малцинства, толку ги смета еднакви едни со други, што никому и никогаш не му паднало на памет да ги споредува со мажеложници и проповедници на други форми на сексуален разврат.
Овој најнов идеолошки трик е потполно неприемлив за нас, колку и да се обидуваат да ни го внедрат од Запад. Ние сме уверени, дека поистоветувањето на практикантите на сексуалните перверзии со претставниците на религиозните и етничките малцинства во било која земја, кое е застапено во последните години во САД и во Западна Европа, претставува вештачка, намерно наметната идеологија, која нема ништо заедничко со многувековното правило на живот на човечкото општество.
Вие пишувате, дека „празнувањето на Меѓународниот ден на борба со хомофобијата е реализација на права, а не пропаганда“. Ние никако не можеме да се согласиме со тоа. Било каков јавен настан е пропаганда на она што го одбележува, и да се одрекува тоа е алогично. Сакаме да Ви напомниме, дека на 17 мај, 2012 година беше преземен обид за спроведување на аналогни акции пред зградата на средното училиште № 51во Тбилиси, каде што навидум невината „реализација на правата“ се изли како пропаганда на разврат меѓу децата. Вие ги заштитувате правата, но подобните работи се имено нарушување на правата на децата и родителите, за кои бесрамниот екзгибиционизам на аморалноста е неприемлив.
Во Грузија, следбениците на развратот, кои што знаат дека грешат, никој не ги гони, затоа што во нашата традиција секој човек треба да се грижи за својата совест и моралност. Но тоа воопшто не значи, дека многувековните традиции на нашето општество даваат право на јавна пропаганда на развратот и безобразноста.
Вашиот работодавец Ве испрати на работа во традиционално општество. Нормите на дипломатијата бараат од вас почит кон традициите на земјата каде што се наоѓате. Во еден од најтрагичните моменти на нашата историја, во текот на неколку дена 100 илјади тбилисци доброволно ги наведнале главите пред сечилото на џелатите, заштитувајќи го христијанскиот морал. И тбилисците ги сметаат тие луѓе за свети. А вие си дозволувате да им читате забелешки на жителите на овој град и оваа земја, укажувајќи што е правилно, а што не е, и притоа уште и велите, дека, како што изгледа, и нам исто така треба да ни дадат право на изразување на сопственото мислење!Обрнете внимание на тоа, дека ние Ви даваме право на слободно изразување на сопственото мислење во нашата земја и си го оставаме за себе правото да одговориме на него.
Кога зборуваме за неприемливост на пропагандата на развратот, не станува збор само за христијанската вера. Сите традиционални религии и општества сметаат дека мажеложништвото и на него подобните форми на разврат – се голем грев и дека нивна јавна демонстрација – пропаганда се недопустливи. И белким нема, само затоа што нашата нација никогаш нема да си дозволи да ги гори Вашите знамиња во Вашите амбасади, и други безумства, Вие да сметате дека е правилно да го повикувате нашето општество кон темелно изменување на многувековното устројство на неговиот живот?
Акцијата на 17 мај, оваа година беше провокација, насочена на дестабилизација и конфронтација во нашето општество. Да се сетиме, дека на 26 мај, 2011 година, на истото место, на проспектот Руставели – режимот на Саакашвили умртви мирни демонстранти. Труповите на убиените мирни граѓани, убијците ги сокрија на покривот на најблиската продавница, и утрото спроведоа на плоштадот воена парада. Претставителите на земјите на Европа, кои тогаш присуствуваа на воената парада на претседателот Сакашвили, на неколку стотици метри од труповите и кои не искажаа ни еден протест против нарушувањето на правата на живот и жестокото накажување на стотици луѓе, оваа година како молња се застапија за пропагандистите на сексуалниот разврат, меѓу кои, фала Богу, немаше ниедна жртва од возникнатите конфликти. Какви заклучоци треба да донесе нашето општество за приоритетите на Запад во нашата земја, кои се однесуваат на човековите права?
Вие велите, дека „Грузиската Православна Црква треба цврсто да изјави дека Таа е против секакво насилство, во однос кон претставниците на ЛГБТ“. Ние сме изненадени, дека нè принудувате да Ви напомнеме: Претсојателот на Грузиската Црква, Светејшиот Блаженејши Католикос-Патријарх на цела Грузија, Архиепископот Тбилисско-Мцхетски и Митрополит Сухумо-Абхазиски Илија ΙΙ, истиот ден изјави дека Црквата се дистанцира од насилствата. Таквото неправедно и лажно претставување на улогата на нашата Црква, изградено на намерно монтирани ретки кадри, кои покажуваат неколку свештенослужители во тепачка, предизвикува во нас зачудување.Секој обид на притисок на нашата Црква од страна на Запад е тотално неприемлив за нас, мирјаните. Марксизмот, кој исто така дошол од Запад, уште во минатиот век се обидувал да го направи тоа. Тоа, каков одговор му дало нашето општество, треба да ни стане показателен пример за сите, кои се обидуваат тоа да го направат во иднина. Марксизмот исто така нè принудуваше да празнуваме некакви си меѓународни празници, кои повеќе не ги празнуваме.
Пропагандата на разврат е неприемлива за нас дури и од демографски план. ОН го внесија грузискиот јазик и грузискиот етнос во списокот на јазици и националности кои умираат. По нивната официјална прогноза, ако ништо не промениме, околу 2050 година, населението на нашата земја ќе се скрати до 1 170 000 луѓе, што се 28%. Според тие податоци, намалувањето ќе се случи главно на сметка на грузискиот етнос, што значи намалување на грузијците на половина. Според податоците од 1910 година, на Кавказ, секој трет жител бил жител на Грузија, а според податоците од 2010 година – дури секој 19-ти се јавува жител на Грузија. Така, веќе е поставено прашањето на живот и смрт за нашата нација. Во тие услови, за нас е потполно погубна пропагандата за антисемејна аморалност, секоја година додавајќи нови кратенки кон насловот на таа идеологија, поддржувана од Вас. По која од нив, ќе ни наредите да трчаме, батоно Томас? Што ќе кажете, ако во иднина, поддржуваниот од Вас интернационален разврат кон своите четири букви додаде нови кратенки? Зарем кај вас не се води политичка борба за легализација на секс на возрасни со деца под знамето борба за човекови права? Зарем не се трудат во земјите на Западна Европа да го легализираат инцестот? Зарем на Запад не се распространуваат неказнето фотографии – и видеоматеријали, кои демонстрираат сексуална врска на луѓе со животни? Постои ли земја каде што започнале со пропаганда на сексуален разврат и подоцна не побарале еднополови „бракови“ и посвојување на деца од таквите „семејства“? Зарем не служи на Западот стратешкиот вектор, јувиналната јустиција, која под знамето на заштита на децата им дава право на правниците да влегуваат во семејствата и да им ги одземаат децата на родителите? Зарем не гледаме обид да се започне, со барање на Западот, тој опасен процес во Грузискиот парламент и со негова поддршка од нашите неосвестени или покорни парламентарци и новинари? Што уште ќе ни заповедате да празнуваме во иднина, батоно Томас, додека милиони деца умираат под ножот во утробите на мајките? Нашето општество не е изградено на правата на човекот, а на неговата одговорност. Така било и во Западна Европа – и е огромна жалост, што кај вас сега сè се менува.
Грузија, историски е една од најтолерантните и хуманитарни земји во светот, и нашето општество се радува и се гордее со тоа. Во нашата земја со векови стојат една покрај друга црква, синагога и џамија во радиус од неколку стотици метри. Во Грузија секогаш знаеле да ги почитуваат другите религии, да не зборуваме за почитувањето на гостите. Само примерот на евреите е доволен: тој древен народ, дури и во најновата историја секаде беше подложен на гонења и угнетувања во овој или оној вид, вклучувајќи ги и земјите на Европа; единствената земја, каде што немаше ништо такво – е Грузија. На нашата земја, со векови пријателски живееле луѓе од различни националности и вероисповеданја. Сакаме да Ве увериме, дека споменатите проблеми и денеска не стојат пред нашата земја и дека истите вештачки се издигнуваат од оние сили, кои ги загрижува високиот авторитет на нашата Црква и кои, излегувајќи од политички цели, сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата во нашата земја. Нам ни е многу жал, што невладините организации, кои се забележани во вакви активности, се финансираат имено од Запад.
„Верата – е дело на совест и надеж, и секој е слободен и недопирлив во таа смисла“, – тоа се зборови на нашиот голем писател и општествен делател Илија Чавчавадзе, и грузијците секогаш живееле согласно со тие зборови. Во Западна Европа, т.н. процесите во епохата на Просветувањето и Реформацијата, ги чинеле со живот милиони луѓе. Кај нас пак, верата и знаењето секогаш постоеле заеднички бескрвно, додека марксизмот, кој кај нас дошол од Запад, не пролеал тука реки крв во име на борбата за слобода на човекот. Слободата не смее да се меша со пропагандата за разврат и со принудувањето кон него, со навреда на традиционалните општества, со идеологија, која под лажното знаме на слободниот избор ги прави несреќни и ги тера да плачат милиони деца, чии родители се разведуваат, со идеологија, која ја држи во осаменост и страв пред иднината, личноста, навидум заштитена од државните институции. Имено таа идеологија раѓа бессемејност и безнадежност, надеж на парите и привремено примените закони, кои без оглед на материјалното богатство, го приведуваат човекот на Запад кон екзистенцијална депресија.
Тоа што се случува на Запад, последниве 30 и нешто години, за жал, претставува масовен колапс на семејноста, духовноста и нормите за пристојност. Историјата на нашата нација и држава е многу поголема од конкретното временско парче. Затоа ние не можеме да ги примиме поуките, упатени од Вас од камбанариите на конкретниот повремен експеримент. Погледнете на животот на вашето сопствено поколение, батоно Томас, – на кој негов дел ќе му заповедате да верува? На тој, кога вас ве воспитуваа на традиционалните европски вредности на вашите родители, или на нејзиниот подоцнежен дел, кога вам, веќе возрасни луѓе ви ја објасниле новата идеологија? И ако вашето поколение се покажало толку непостојано во моралните погледи, од каде да знаеме, дека во иднина нема да ни предложите уште некакви новотарии во однос на моралните норми?
Затоа, сострадуваме за вас во вашите проблеми, нашата култура ја сметаме за дел од општата евроазиска култура, но сметаме, дека нашата возљубена и во многу органска Европа, не била основана на развратот на хипи поколенијата, туку била основана на христијанските вредности, кои ние ги чувавме со тага и радост во епохата на советскиот социјализам и кои ќе ги чуваме и во условите на западниот капитализам и глобализација. Тие вредности од нас бараат простување на другите, но истите ни забрануваат јавна пропаганда на развратот и преку тоа закоренување меѓу нас на искажените форми на слобода на човекот. А забрана на забрани претставува најголема и најпротивречна лага, која никој не ќе може да ни ја наметне. Како што десетте Мојсееви заповеди се сметаат за морален ‘рбет на човештвото, така и секоја конституција и законодавство претставуваат систем од забрани и права, каде што од човекот најпрвин се бара одговорност и пристојност. И имено бескрајните кризи, поврзани со преправањето на дадените системи, се и причината, поради која западниот либерализам сè повеќе и повеќе се движи кон логичен ќор-сокак, зашто тој, под знамето на почитта кон туѓото мислење провалува во другите земји и извршува насилство над многумина кои не се согласни со него; става табу на слободното мислење и збор преку едностраната демагогија за политкоректноста и ги гони заштитниците на традицијата во сопствената земја. Ако Вие навистина ја почитувате разнообразноста на народите и традициите во светот, тогаш примете ги традициите на нашето општество кои се разликуваат и не се обидувајте да ги преправите.
Потоа, дозволете ни сами да решиме, што е приемливо за нас од почитуваната и во многу достојна за подражавање Европа, а што – не. А ако нашето пријателство за Вас не се само празни звуци, тогаш и вие треба да верувате во нејзиното фундаментално својство, кое се нарекува рамноправност на пријателите. Тоа значи, дека и вие треба на нешто да се научите или на нешто да се сетите, благодарение на нас. И можеби, тоа нешто се токму човечките и семејните традиции, кои ние толку ги негуваме во Грузија и кои денеска толку ослабеле во Западна Европа. Нашата нација со задоволство ќе соработува со Европскиот Сојуз во прашањата од научно-техничкиот прогрес и изградбата на демократијата. Но, нашата култура,е култура, која уште до Христос му подарила на човештвото вино и пченица, Амиран-Прометеј, медицината на Медеја, а крадењето на златното руно на знаењето кое се сметало за голем подвиг меѓу прародителите на Европа – грците, нема да добие морални поуки од Западна Европа која се наоѓа во морална криза.
Батоно Томас, списокот на потписниците на даденово писмо, наброени по азбучен ред, би можел да биде многу поопширен, но заради економија на времето, сметавме дека и овој е доволен, за да имате јасна слика за спектарот на луѓе, кои го поддржуваат. Ги принесуваме своите извинувања пред сите достојни членови на нашето општество, кои со задоволство би го поставиле својот потпис под даденото писмо.
Со почит,
Резо Амашукели, поэт
Чабуа Амиреджиби, писател
Георгиј Бенидзе, лекар-реаниматолог
Нона Гаприндашвили, шахматистка, светски шампион
Георгиј Гвасалия, теолог
Георгиј Гоголашвили, профессор
Нукри Джохадзе, државник
Георгиј Донадзе, диригент
Нино Дурглишвили, многодетна матјка
Анзор Еркомаишвили, фолклорист
Резо Есадзе, режисер
Леван Васадзе, бизнисмен
Анзор Тотадзе, профессор
Звиад Иремадзе, правник
Марина Качарава, психолог
Вугар Мамедов, државник
Нино Мамулашвили, многодетна мајка
Сосо Манджавидзе, политичар
Тамар Меипариани, педагог
Јуриј Мечитов, фотограф
Эљдар Мустафаев, државник
Лела Муджири, многодетна мајка
Заза Нишнианидзе, бизнисмен
Марина Пазухина, многодетна мајка
Леван Салуквадзе, скулптор
Придон Сулаберидзе, кореограф
Луарсаб Тогонидзе, истражувач
Звиад Томарадзе, политиколог
Лаша Урушадзе, студент
Кетеван Урушадзе, специјалист по уметност
Нана Гонгадзе, многодетна мајка
Нино Курашвили, многодетна мајка
Саломе Чхеидзе, педагог
Шота Чочели, менаџер
Гога Хаиндрава, режисер
Важа Хоранаули, поет
25 октомври 2013 года
Извор: http://www.pravoslavie.ru/jurnal/65190.htm
Подготвил: м-р. Златко Дивјаковски