Вчера, во манастирот Самтавро, каде што се наоѓаат моштите на старецот Гавриил, неговиот образ се појавил на таванот. Неколку дена претходно – на подот.
„Не знаејќи ја духовната состојба на ближниот, не давај совети. Твојот совет може да го погуби“.
„Некои велат: „така било пишано“. Но, ако „така било пишано“, тогаш зошто ќе суди Бог? Својата „судбина“ ја создаваме сами. Ако човек, безумно го доведува својот живот во опасност, и загинува, тој прави грев, и судбината тука нема никаква врска“.
„Порано се прашував: „Зошто Господ испраќа маки на земјата?“ А сега сфатив: каменот го кршат со чекан… Многу луѓе само тага и маки можат да ги доведат кон Бога“.
„За Бога не е важно кој си: монах или мирјанин. Важен – е стремежот кон Бога. Со тој стремеж човекот и се спасува. Од монахот ќе се побара монашкото, а од мирјанинот мирското“.
„Ако мирјанинот заради Христос ги победи своите страсти, тој ќе биде изедначен со монасите“.
„Еден монах го прашал старецот, што е постот. „Сега ќе ти објаснам“, – одговорил тој и му ги раскажал на монахот сите гревови што тој ги направил. Од срам, монахот не знал што да прави. Паднал на колена и плачел. А старецот со насмевка му рекол: „А сега оди – и ручај“. – „Не, оче, благодарам, не сакам“. – одговорил монахот. – „Ете тоа е постот – кога се сеќаваш на своите гревови, се каеш и веќе не размислуваш на храната“.
(Во приложение, фотографии од домашната црква која ја изградил самиот старец Гавриил Ургебадзе)
Фото-материјали: Лариса Хрустаљева