Каква била судбината на луѓето, кои му ги подариле на светот најдобрите христијански сказни? Зошто Антоан де Сент-Екзипери во својата „Цитадел“ зборува од лицето на цар Соломон и како испаднало да ја напише „Малечкиот принц“ за другар атеист? Што советската цензура не поштедила во делата на Андерсен и Лагерлеф? И што сакал да му каже на светот Луис Керол со својата „Алиса во Земјата на чудата“?
Приложениве записи – се резултатот од нашата беседа со Димитриј Владиславович Менделеев во Сретенската духовна семинарија, каде што тој чита лекции на тема „Уметноста, литературата и културата како тема за мисија“.
„Малиот принц“, „Снежната кралица“, „Алиса во земјата на чудата“, „Чудесното патување на Нилс Холгерсон со дивите гуски“… Колку лесни и светли приказни! Таков светол бил и животот на нивните автори. Светол, но далеку од лесен.
„Малиот Принц“
Антоан де Сент-Екзипери имал другар – прозаик и литературен критичар, Леон Верт. Тој потекнувал од еврејско семејство, но не верувал во Бога, бил атеиста. Сент-Екзипери мечтаел да го просвети, да го преобрати во христијанство. И тие постојано спореле за тоа.
Во 1936 година, Сент-Екзипери заминал како дописник во војната во Шпанија.Таму, за време на граѓанската војна, започнал да пишува роман, кој се вика „Цитадел“. Цитадел во таа книга – не е само тврдина; тоа е тврдината, крепост од 30-от псалм, со чии зборови Господ се молел на крстот: „во Твоите раце го предавам Мојот дух“ (Лк. 23, 46), – „Биди ми камена тврдина“ (Пс. 30.3): во францускиот јазик, значењето на зборот „тврдина, крепост“ се предава со зборот „цитадел“.
Тоа е чудесен роман, кој се состои од дневникови записи, мисли, спомени за некои епизоди од животот на Сент-Екзипери, обединети со библиска идеја: книгата се пишува како од името на царот Соломон, но сеуште незацарен, уште како син на Давид, уште, како што ние би рекле сега, како царски син – принц. Така се најавува преемството: „Цитадел“ – е еден вид зборник на приказни, мудрости, поуки: „Ор Хохма“ – така на еврејски се нарекува Светлината на мудроста соломонова. И Сент-Екзипери, преку впечатоците за современиот живот го предава внатрешниот свет на царскиот син.
Овој прекрасен роман, тешко е да се прераскаже: во него нема едно сиже; тој се состои од разнообразни фрагменти-епизоди, чија главна цел – е да се пробуди во срцата на луѓето љубовта кон Бога и да се насочат кон Создателот, кон Самата Љубов. За тоа – се приказните Соломонови, за тоа е – и романот „Цитадел“ на Антоан де Сент-Екзипери.
Но „Цитадел“, сепак е поголем, сложен роман. Како да се предаде истата мисла во попрозрачна, подостапна форма?
Започнала Втората светска војна. Леон Верт се нашол на територија окупирана од германците во Франција, и се криел од нацистите – него го криело едно католичко семејство. Сент-Екзипери се наоѓал во Америка, водел на радио патриотски емисии, повикувајќи ги французите да се кренат на борба со фажизмот. Имено тогаш тој го пишува своето познато писмо кон сите евреи, кои ги преживуваат гонењата од нацистите, заклучени и мачени во конц-логорите, обраќајќи се истовремено и непосредствено кон својот другар Леон Верт. И му доаѓа мисла да го земе најважното од „Цитадел“ и да го преобрази во форма на сказна. Таа сказна ја нарекол „Малиот принц“.
Нејзината идеја – е истото: човекот е одговорен за сè. Секој човек е одговорен за себеси и за својата планета: наутро стана, ги изми забите – сега погрижи се за својата планета. Секој човек е должен да одговара за сите околу него. Треба да се грижи, како царот Давид, како царот Соломон – за сиот свет, не само за своето царство: за секој човек одделно, за секој цвет, за сите созданија, за сè, што Господ му врачил на царот Давид во негова грижа. Секој човек е обврзан, во својот домен да се чувствува како Мал принц, како син Божји, син Давидов, кој поради своето царско раѓање е должен да се грижи за светот што го опкружува.
Сент-Екзипери ја напишал сказната за Леон Верт и ја изпратил на издавачот во 1942 година, а самиот заминал на фронт, се вратил во разузнавачкиот авиационен полк и загинал – на 31 јули, 1944 год. Скоро, после неговата смрт, сојузниците го ослободиле Париз, Леон се вратил дома и нашол во својот дом примерок од „Малиот принц“. Ја прочитал сказната, целиот во солзи, и постои веројатност, дека станал христијанин. Тешко би било да не стане, после таква книга, во која Малиот принц се жртвува себеси, за да ја спаси својата роза.
Во неа, има и еден многу интересен автобиографски момент. Како што се сеќавате, сказната започнува од тоа, како пилотот во пустината се сретнува со Малиот принц. Навистина, Сент-Екзипери и неговиот механичар Прево летале од Париз до Сајгон, ноќта спроти Нова Година, 1936-та, и се срушиле во пустината Сахара. Тие за малку не загинале, останувајќи без врска, без вода и храна… Поминале низ пустината 85 километри пешки. Нив, полумртви ги собрал караван од бедуини. Имено таму, во пустината, пред навидум неизбежната смрт, Сент-Екзипери се сетил на сето излишно, празно и непотребно, што се случило во неговиот живот и сфатил, дека треба да се сконцентрира на најглавното и најважното – како што тоа често се случува во слични ситуации. Сите непријатни страни од неговиот карактер наоѓаат одраз во ликовите, со кои се запознава Малиот Принц, патувајќи по планетите: пијаница, вообразен, научник, кој не гледа подалеку од сопствениот нос, крал, кој ги обожава да владее… И единствениот човек, кој не изгледа смешен – е фенерџијата, кој сосема бесмислено ги пали фенерите. Тој не изгледа смешен, затоа што е единствен, кој не мисли на себеси.
Ние, безусловно, би можеле да ја наречеме таа сказна „За пријателите свои“, сеќавајќи се на евангелското: „Нема поголема љубов, од таа, некој да ја положи душата своја за пријателите свои“ (Јн. 15, 13). И како што Малиот принц ја положил душата своја за својот другар, така и Антоан де Сент-Екзипери во буквална смисла го положил животот свој во борбата со нацизмот за сè, што им било драго на луѓето на нашата Земја. Не со германците, туку имено со нацизмот. Иако, на крајот на неговиот роман „Цитадел“ има една епизода со смртна средба со гербанец, која се покажала пророчка за писателот. Но…
Еднаш, некаде во Латинска Америка, Сент-Екзипери сретнал стар француски емигрант, кој десеттици години не бил во Франција. Тие разговарале, и излегло, дека имаат заеднички другар во татковината. Тие на крај можеби се потскарале, кога се разделиле, во секој случај долго не комуницирале, не се препишувале и не знаеле ништо еден за друг. А двајцата биле селани, градинари, одгледувале рози и цело време зборувале за розите – тоа била нивна омилена заедничка работа. Сент-Екзипери тогаш му рекол на човекот: „Веројатно, ќе можам да му предадам некое писмо од Вас, или некоја вест“. И старецот долго се мачел над писмото: зашто требало да му раскаже за сиот свој живот, за сè, што се случило за тоа време… Но, после еден час, тој донесол ливче, на кое имало напишано само еден ред: „Денес изутрина ги полеав своите рози!“ И Сент-Екзипери сфатил, дека сета љубов, на која бил способен тој човек, кој проживеал долг и тежок живот, била изразена во тој ред и дека неговиот другар, ако е сеуште жив, прекрасно ќе сфати, за што станува збор, зашто тоа – било најдрагоцено за нив.
Така и романот „Цитадел“ завршува со тоа, како Сент-Екзипери лета во својот авион, а отспротива дошол германски пилот, и, и двајцата требало да го повлечат чкрапецот, и во тој миг, како што пишува Сент-Екзипери, во неговиот мозок се појавила само една мисла-крик: „Ах, колку сакам да ти викнам, брате: „Денес, изутрина ги полеав своите рози!“.
Секогаш, во сите ситуации треба да останеме луѓе, дури и во ситуации на борба со противникот – затоа што и тогаш, сепак пред тебе – се наоѓа ист човек, кој се нашол во иста сложена ситуација, како и ти. Тоа е човек, брат. Писателот – пилот сакал од љубов кон него да му викне за тоа. Веројатно, така и се случило, кога загинал…
Димитриј Менделеев
Извор: Православие.ру