Петнаесетта Недела по Педесетница

На 13.09.2015 г, во Петнаесеттата Недела по Педесетница, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп. 

Само ти не напуштај Го Него, и Тој нема да те напушти. Самиот рекол: „Јас сум со вас (а, следствено и со тебе) во сите дни, до крајот на векот“ (Мт. 28, 20) „Ќе го заборави ли жената цицалчето свое, та да не се сожали на детето на својата утроба? Но, дури и таа да го заборави, Јас нема да те заборавам“ (Сп: Ис. 29, 15) 

Преп. Анатолиј Оптински

 

Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните (4:6-15)

6. Оти Бог, Кој некогаш заповеда од темнината да изгрее светлина, Он ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исуса Христа светло.
7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да Му се оддава на Бога, а не нам.
8. Во сe сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж;
9. нe гонат, но не сме изоставени; нe кутнуваат, но ние не загинуваме.
10. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.
11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело,
12. така што смртта да дејствува во нас, а животот – во вас.
13. Имајќи го, пак, тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверува и затоа зборува”, и ние веруваме, па затоа и зборуваме,
14. знаејќи, дека Кој го воскресна Господа Исуса и нас ќе нe воскресне преку Исуса и ќе нe постави со вас.
15. Зашто сe е заради вас, та благодатта, откако се преумножи, преку мнозина да произведе уште поголема благодарност за славата Божја.

P1200644 P1200650 P1200659 P1200662 P1200666 P1200671 P1200676 P1200679 P1200701 P1200711 P1200712 P1200717 P1200721 P1200724 P1200737