Претстојателот на Руската Православна Црква рече дека Русија има што да му презентира на светот врз основа на својата национална култура, – пренесува ТАСС.
„Патриотски, духовни, празнични, и детски песни треба да се поддржуваат. Нам ни се потребни свои конкурси, и треба да ја развиваме својата култура, истовремено покажувајќи ја на целиот свет“, – рече Патријархот.
Според Патријархот Кирил, ако годинашната учесничка од Русија, Полина Гагарина победи на сегашниот конкурс во Виена, следната година, „Евровизија“ ќе дојде во Русија „заедно со сите забрадени пеачки“, кои „го наметнуваат она, што е спротивно со нашата култура“.
Руската печка Полина Гагарина, на 19 мај влезе во финалето на „Евровизија“ во Виена, влегувајќи во десетмината поибедници во полуфиналето со песната „Милион гласови“ A Million Voices. Сега ќе настапува во вториот дел од финалето, кое ќе се одржи на 23 мај. Минатата година, на конкурсот победи австриски поп-пеач, кој настапи под псевдонимот Кончита Вурст, во вид на жена со брада.
Извор: http://www.pravmir.ru/patriarh-kirill-vyistupil-s-kritikoy-sovremennyih-tendentsiy-konkursa-evrovidenie/#ixzz3arqI99ze