На седницата на Високиот црковен совет, Патријархот Кирил изрази надеж, дека согласувањето за прекин на огнот од 15 февруари, постигнато во Минск, ќе доведе до конечно прекратување на војната на Украина.
„Ние посебно ги поздравуваме чекорите кои се презедоа, и се надеваме дека крвта ќе престане да се пролива“ – Интерфакс ги пренесува зборовите на Патријархот.
Претстојателот на Црквата склучената согласност ја нарече „нов обид да се запре братоубиствената трагедија во Украина“.
„Руската Православна Црква ги поддржува сите миротворни стремежи и самата претставува миротворна сила, која уште од почетокот на конфликтот е на мета, не поистоветувајќи се со ниедна од политичките сили и чија цел на дејноста за Украина е само едно – што побрзо прекратување на меѓусебните војни“ – потцрта Патријархот Кирил.
Претстојателот исто така забележа, дека на секоја литургија во Руската Црква се молат за мир на Украина и додаде, дека „војните не започнуваат на бојното поле, туку во срцето на човекот“.
Извор: http://www.pravmir.ru/patriarh-kirill-nadeetsya-chto-minskie-soglasheniya-ostanovyat-voynu/#ixzz3RzaqYg4D