На 02/03.06.2015 г, кога го празнуваме споменот на светиот цар Константин и мајка му, Елена, кои го прославиле оружјето на христијаните – Крстот Христов, преку кого умираме и се раѓаме за вечен живот, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со мноштво свештенослужители од Битолското архиерејско намесништво, отслужи Вечерна богослужба, а потоа и Литургија во храмот „Св. Константин и Елена“ во Битола.
На литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.