Четврток, 3 октомври, 1963 г.
Драга Алисон!
Мислам дека се сетив, кога ми раскажуваше за привиденија и слични работи, во едно писмо пред неколку години, но не се сеќавам што ти напишав во одговор. Мислам, дека тоа припаѓа на категорија, слична на тоа што се однесува на работите поврзани со антихристот и последните денови: човек треба да знае за тоа, за да не се одвлекува со лажни учења и „откровенија“, и истовремено е духовно опасно премногу да се задлабочува во нив. Всушност, и јас делумно се интересирам за нив и планирам да им посветам една глава во мојата книга, бидејќи сметам дека тие играат важна (негативна) улога во блиската иднина. Масата книги на таа тема, напишана од спиритуалисти и научници – тоа, можеби е само подготовка на претстојното заведување на многу души, кои немајќи знаење ниту искуство во овие работи, можат лесно да бидат заведени од неколку спектакуларни „појави“. Мислам дека е сосема можно, зборовите на нашиот Господ „Ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чудеса, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните“ (Мт. 24, 24), исто како и лажните чудеса на „пророкот“ на антихристот (Откр. 13 глава), кој дури „и оган ќе симнува од небото“, може да се однесуваат, меѓу сè друго, на многу необични физички и бесовски пројави, кои материјалистите ќе ги прифатат како „чуда“.
Не се сомневам во вистинитоста на многу од појавите опишани во книгите, како таа што ја прочита ти. Пресметките на научниците, секако се поверодостојни од оние на спиритуалистите, но само во она што се однесува на конкретни детали од истражуваниот феномен; никогаш не верувај на интерпретацијата дадена дури и од најпочитуваните научници, зашто тие обично не знаат ништо, и никогаш доволно, ниту за духовното искуство, ниту за Христијанското учење.
Што се однесува на починатите, Православната традиција сочувала многу, и во теорија и во пракса, од она што католичката црква одамна го напуштила. Од практиката – постои обичај на спомнување на покојните на секоја Литургија и на други специјални служби за тоа. Сите присутни, кои сакаат, оставаат свои лични записки (и за живите, и за починатите), и свештеникот ги чита сите имиња гласно, покрај сопствениот список. Ако се присутни многу луѓе, ова некогаш одзема 15-20 мин (што католичката црква би го обележала како „неефективно“ и „губење на време“!), но е прекрасен симбол за единството на сите верници, живи и мртви, присутни и отсутни. Друг признак на Православниот однос кон починатите е прекрасната радосно-воздржана, но сепак радосна – служба за покојните, со постојаниот припев „алилуја“ и со чувство, дека тоа е поскоро раѓање во новиот свет, отколку заминување од овој. Ковчегот со починатиот стои во Црква цел ден, за време на отпевањето, и додека тој се наоѓа таму се служат и други служби; светата атмосфера е благотворна за починатиот, и јас забележав дека е многу благотворна и утешна и за мене, кога присуствувам на тие служби. Им имам кажано на неправославни пријатели и роднини за овој обичај, и секогаш се изненадувам од нивната подеднаква реакција: „Колку депресивно!“ А јас сметам дека е токму спротивното; а како може да биде поинаку, ако веруваме во Небеса? Не може да ништо друго, освен добро, напомнувањето за смртта и идниот живот. Друг обичај е за роднините на починатиот да стојат цела ноќ (еден по еден), првата ноќ, и да читаат Псалтир над телото.
Овие обичаи, секако се основани на учењето: прво и главно – е тоа, дека мритвите ќе воскреснат во друго Царство; второ, уште поспецифично, дека душата некое време останува во непосредна близина со телото, и веднаш ја прима благодатта од религиозните служби и атмосферата. Најопшто прифатеното објаснување на ова, е тоа на св. Макариј Александриски, кое му го открил Ангел, објаснувајќи му го обичајот на Црквата да одржува служба на третиот, деветтиот и 50-от ден после смртта. (Православната Црква го сочувала овој обичај до денеска, како и извршувањето на панихиди на годишнината од смртта, имендените и т.н.).
„Кога на третиот ден, телото се носи во храмот, душата на починатиот од нејзиниот Ангел Чувар прима олеснување на маките кои ги чувствувала при разделувањето од телото. Таа го добива тоа, заради приносите и славословијата направени за неа во Црквата Божја, од што во неа се раѓа блага надеж. Зашто, во продолжение на два дена, на душата ѝ е дозволено да оди по земјата каде што сака, придружувана од Ангелите. Затоа душата, бидејќи го љуби телото, некогаш скита околу домот во кој се разделила од телото, некогаш околу ковчегот, каде е положено телото: и така ги поминува тие дни како птица, која си го бара гнездото. А добродетелната душа, оди по тие места, во кои имала обичај да твори дела на правдата.
„На третиот ден, Оној, Кој воскресна од мортвите, заповеда, во подражание на Неговото воскресение, на секоја душа христијанска да се вознесе на Небесата, за да Му се поклони на Бог на сите“. Затоа во Црквата и постои обичај да се прави милостиња и да се моли за душата на починатиот во третиот ден.
„Откако душата ќе Му се поклони на Бога, Тој заповеда да ѝ се покажат серазличните места на престојување на светителите и убавината на Рајот. И сето тоа душата го гледа во текот на шест дена, восхитувајќи се и славејќи Го Бога, Творецот на сè. И кога душата ќе го види сето тоа, се преобразува и ги заборава сите маки, кои ги доживеала живеејќи во телото. Но, ако е обременета со гревови, тогаш гледајќи ги насладувањата на светиите, започнува да стенка и да се укорува, велејќи: „Тешко мене! Колку празно го потрошив моето време во светот! Потонав во задоволувањето на моите желби, го поминав речиси цел мој живот во небрежност, и не Му се потчинив на Господ, како што требаше, за и јас да се удостојам за оваа милост и слава. Тешко мене, бедната!“ Откако, во текот на шесте дена душата ќе ги види сите радости, дарови од Севишниот, Ангелите ја водат нејзината душа повторно на поклонение пред Бога. Затоа, Црквата прави добро, што на деветтиот ден прави помен и милостиња.
„После второто поклонување пред Бога, Господарот на сè заповеда душата да биде одведена во пеколот, и да ѝ се покажат сите маките и ужасите на адот, серазличните бесовски измачувања кои ги тераат душите на грешниците, кои паднале таму, непрестајно да стенкаат и чкртаат со заби. И на сите места на маките, душата поминува триесет дена, и цело време трепери од страв, за и таа да не се најде таму“.
„На четириесеттиот ден душата повторно се изведува на поклонение пред Господ, и тогаш Судијата го определува местото на нејзиното пребивање, според делата нејзини. Така што, Црквата прави добри, што прави помен на четириесеттиот ден од смртта на крстениот.
Ако сето ова е точно, тогаш секако, има многу основна грешка во книгата што ја читаше: дека душата останува на земјата неопределено време, како во чистилиште: напротив, останува само неколку дена. Од друга страна, сепак е вистина тоа, дека некогаш мртвите комуницираат со живите, од рајот или од пеколот, зашто ниту рајот ниту пеколот припаѓаат на „просторот“, туку во некоја духовна димензија; и обајцата можеби се пред нашите очи, но ние сме духовно слепи и не можеме да ги видиме. Мајката Божја и многу светители често им се јавувале на луѓето, а некогаш, починати роднини или пријатели се јавувале некому со некаква цел. Од православните слушнав за некој човек во пеколот (Православието нема „чистилиште“ Пеколот е местото на очистување, како и местото на казна) кој му се јавил на некоја негова роднина, да ја замоли да се моли за него, и уште за еден (самоубиец), кој ѝ се јавил на сестра му од пеколот , во страшни маки и ја молел да престане да се моли за него, зашто нејзината молитва само ги зголемувала неговите маки, а тој бил осуден за навек. Секако, починатите кои што можат, се молат за нас, како и ние за нив, но, судејќи по тоа, што повеќето луѓето не се подготвуваат како што треба за смртта, самите починати имаат поголема потреба од молитва и веројатно не се во состојба многу да им помагаат на живите. За оние, кои не се подготвени, мора да е голем шок и чувство на целосна беспомошност, доаѓањето во свет, каде што сите земни дарови и власт немаат никакво значење, а се цени само духовната сила.
Причината, поради која е опасно да се биде преокупиран со овие работи (исто како што и видовитоста и екстрасенската перцепција се духовен дар на некои светители, но често и духовно зло, кога нив ги користат недоволно чисти луѓе) е тоа, што припаѓајќи кон сфери на разумот и духот, тие често потпаѓаат под влијание на демоните, кои престојуваат во тие сфери. На пример, слична е појавата на спиритизмот (а многу од нив, не можат да се објаснат само како измама), која веројатно е најмногу подложна на демонски дејствија; вистинските медиуми, очигледно, во одреден степен се опседнати со некои демони, кои се преправаат како некои од починатите. Ако редок е случајот на вистински контакт со починатите преку спиритизмот (се сеќаваш, како Саул стапил во контакт со духот на пророкот Самуил преку аендорската волшебничка? – 1 Царства 28), бесовите го користат тоа во нивна цел.
Петок.
Единственото нешто што успеав да го направам вчера – е да ги напишам овие три страници, над кои седев 12 часа. Ноќе, (до 3-4 наутро) работам како хигиеничар во ресторан, што е тешка, но тивка работа. Помошник келнер е полесно, но треба постојано да им се смееш на луѓето и да бидеш соодветно услужлив. Го имам истиот хорор како и ти во „бизнисменскиот свет“, и речиси станувам хистеричен кога треба да најдам работа. Штом ќе најдам работа, сè е во ред; повеќе е губење на време, но барем прави да е тешко да се возгордееш. Мислам дека ја изгубив минатата работа зашто почувствуваа дека не ми беше по срце, што беше вистина.
Ти благодарам за љубезната понуда да можам да дојдам, ако ми затреба. Можеби ќе дојде и такво време. Што се однесува на моето семејство, ги видов минатата недела, и очигледно е дека сè повеќе се загрижени за мене. Тие ќе беа пресреќни ако следев некоја нормална светска кариера, но полагаа на мене голема надеж и сега испадна да бидам религиозен „фанатик“ – па претпоставувам, дека тие треба…
Еден мој млад пријател, русин, кој живее во Монтереј им покажа неколку слајдови од руски манастири и цркви во Северна Америка, и ним им се покажаа „огромни“, но старомодни, и т.н. Но, тоа што навистина ги порази, посебно татко ми – беше фотографија од еден стар монах кој поминал четириесет години во својата келија и речиси никогаш не разговарал со други луѓе. Тој веројатно достигнал духовни висини, но за моите родители, тоа беше само пример на целосно „напразно потрошен живот“. Се плашам, дека паѓам во очај кога им зборувам за животот во молитва и духовно совршенство и за тоа, дека вистинските вредности не му припаѓаат на овој свет, туку на идниот, и наидувам на целосно несфаќање и мислење, дека прекумерното задлабочување во религијата – е навистина „болест“. Но, каде се прекинуваат односите, барем молитвата сеуште е возможна, но мислата за тоа, дека многу протестантски свештеници, кои настапуваат како проповедници на христијанството, во реалноста, ја водат својата паства по патот на развратот и ги оставаат совршено неподготвени пред суровата реалност на идниот живот, ме прави тажен и гневен. Го сретнав проповедникот на моите родители; тој ниту еднаш не го спомна Бог или верата, и кога слушна дека пишувам религиозна книга, се потруди да ја смени темата на разговор.
Би можел да напишам уште, но подобро, додека сум во состојба, да ти го испратам ова. Ти благодарам за фотографијата; Ќе се обидам од татко ми некоја од последните. Навистина не знам каде се наоѓа Варшава, би било многу-многу добро, ако тоа биде твојот град. Можеби, ќе пробаш да дознаеш дали има таму таква адреса. Ти испраќам некоја литература, која можеби ќе те заинтересира. Испратив во манастирот и по други работи, вклучувајќи многу интересно опишување на посмртниот опит.
Те молам, спомнувај ме во молитвите,
Во Христа,
Евгениј.