На 22.01.2015 год, митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, во придружба на митрополитите Кумановско-Осоговски г. Јосиф, и Тетовско-Гостиварски г. Јосиф, замина во канонска посета на Австралиско-Новозеландската епархија.
Во тринеделната посета, архиереите ги посетија речиси сите парохии во епархијата, каде неуморно служеа и го поткрепуваа верниот народ со своите молитви и архипастирското слово. Беше одржано Епархијално Собрание, на кое се претседаваше митропилитот на епархијата, г. Петар, и на кое се разгледуваа прашањата и проблемите со кои се соочуваат верните во дијаспората. На собранието, значаен придонес дадоа и митрополитите Тетовско-Гостиварскиот г. Јоисф, и Кумановско-Осоговскиот г. Јосиф, кои со татковска љубов сочувствуваа за проблемите со кои се соочуваат паствата во Австралиско-Новозеландската епархија со нејзиниот Архиереј, и им ја дадоа својата поддршка.
Оваа посета беше искористена да се постават темели на нови светилишта во епархијата, беа посетени двата живи манастири во епархијата, (манастирот на „Св. Прохор Пчињски“ – игумен Гаврил, и манастирот „Св. Наум Охридски“ – игумен Никодим), каде започнува да се создава монашки живот. Со свештенството, монаштвото, и верниот народ, тројцата архиереи отслужија 8 божествени литургии, на кои многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 16.02.2015 година, Митрополитите пристигнаа назад во своите епархии, од каде и понатаму ќе продолжат молитвено да си спомнуваат за сите оние кои се подвизуваат во верата православна, а посебно за паствата која им е доверена пред Господа.
Митрополитот г. Петар како администратор на Австралиско-Новозеландската епархија, и понатаму неуморно продолжува да се застапува и да им излегува во пресрет во сите проблеми со кои се соочуваат верните во нашата дијаспора.
Во приложение, пренесуваме фотоматеријали од главните настани во епархијата.
За подетални информации, можете да го посетите сајтот www.mpceanz.org.au
[nggallery id=67]