„Пробајте заеднички живот пред брак, за да не згрешите со изборот“. Пробајте „како сите нормални луѓе“. Призив-измама, која упорно ни ја предлага овој свет. А не смее да се пробува. Затоа што барањето на човекот не се состои, да се проба „тоа“, туку да се проба нешто друго. Ние не треба да се пробуваме едни со други, туку да се испитуваме, и да се откриваме еден на друг, да се спознаваме. А за тоа ни недостига едноставна комуникација. Без никаков сомнеж, ние не смееме да грешиме и да ги пробуваме луѓето по вкус. Затоа што „да испроба некого“ – е својсвто на пеколот: некого и нешто постојано да проголтува. Адот цело време проголтува. А љубовта цело време се дели, се открива. Нашето христијанско својство е во тоа, да знаеме да се откриваме и да не се плашиме од тоа. Од христијанска гледна точка, да се познаеме еден со друг – е да се откриеме, да сфатиме, дека во таа откриеност има место за другиот. И тоа се случува постепено, по малку, сосема малку во взаемно запознавање, кога луѓето еден пред друг се откриваат во еднаков степен. И кога се откриваат до крај, еден со друг ќе се познаат: „А, јас те препознав. Ти, си бил мој“. – „А ти – моја“.
Протоереј Алексеј Уминскиј