Немам време

„Верувам во Бога, но немам време“. Обично таква причина прозвучува од устата на луѓето, кои знаат дека треба да се оди во црква секоја недела, но тоа сеуште не станало најважно во нивниот живот. Човек, кој расудува така, потцртува дека денеска тој носи христијанско име, но сеуште не е спремен да живее според Божјите заповеди (на пример, да ја исполнува четвртата заповед, каде е речено, дека човекот шест дена треба да работи, а седмиот да Му го посвети на Бога). И најверојатно, таквиот човек сеуште не разбира, што е тоа Црквата, зошто е потребна таа и зошто треба да се собираме заедно?

За многумина, Црквата – не е собрание на верните (грч. „еклисија“), а место, каде што може да се задоволи својата духовна потреба. „Старите немаат што да работат, па се собираат таму“, или: „ете, ќе остарам, па тогаш ќе одам“. Примерно, такво оправдување може да се слушне кога човек не оди во црква. Ќе доживееш ли старост, ќе можеш ли, и од каде таква увереност? Меѓу другото, не случајно, св. Кипријан Картагенски ги кажал зборовите, кои станале поговорка: „Кому Црквата не му е мајка – нему Бог не му е Отец“!

Но, се случува и тоа, човек да оди во црква, надворешно да ги исполнува сите обреди, но неговиот поглед, дела и зборови го издаваат тоа, што е скриено под маската на благочестивост. И гледајќи на таквиот „православен“, луѓето прават заклучок: подобро да не одам во црква, да живеам по совеста, отколку да ги исполнувам сите црковни канони и правила, фарисејски кимајќи на недостатоците на ближниот. Но, уште подобро е да се биде добар, чесен, искрен христијанин.

Како може да се верува во Бога, а да не се верува во тоа, што Тој го рекол во Светото Писмо? Исус Христос, вчера и денес и во веки е Истиот. (Евр. 13, 8). За многумина, за жал, Христос не е овде и сега, а некаде таму, а можеби и воопшто не постоел? Можеби сè што гледаме: небото, сонцето, морето – се појавиле случајно? Тешко. Речиси сите разбираат: најверојатно треба да има некој Повисок Разум, кој создал с ?! Може ли слепа случајност да состави текст, ако само се излие мастило на хартија? Колку и да излеваш, текст нема да излезе. Не, потребен е Некој, Кој има разум.

Но, човек нема време да размисли, да прочита, да послуша, а се појавува време само тогаш, кога во животот нешто ќе се случи – „Додека гром не удри – мажот не се прекрстува!“ Зошто да се чека гром? Станува очигледно, дека оној што сака – бара можност, а тој што не сака – причина. Како и порано, камбаните повикуваат во храмот, а Господ чека на слободната волја на Своите деца.

Свештеник Глеб Грозовскиј

 

Извадок од книгата „Прашалници и знаци“

(се подготвува за печат)