Nein Heil Hitler – историјата за човекот кој не го поздрави Хитлер

 

Првата фотографија веројатно ви е позната, сите ја знаат – направена е на 13 јуни, 1936 година, во ден, кога од хамургското бродоградилиште, кое и припаѓаше на компанијата „Blohm & Voss“, слезе бродот „Хорст Весељ“. Оваа позната фотографија ја направи позната човекот, кој заради прегледност, е заокружен на сликата. Тој се вика Август Ландмесер, – и тој е единствен во толпата, чија десна рака не е подигната во нацистичкиот поздрав – веројатно во моментот на излегувањето пред публиката на тогашниот лидер (т. е. «Führer») и рејхсканлерот на Германија Адолф Хитлер. Тој има свои причини за тоа.

Не, тој не е член на забранетата во 1933 година, Комунистичка партија на Германија, не е политички активист, и дури, покрај сета очигледност, не е ни антифашист, – по крајна мера, никакви недвосмислени сведоштва за тоа немаме. Тој – е маж на жената од втората слика, таа се вика Ирма Еклер. И татко – тогаш само на едното од девојчињата на сликата, постарата, Ингрид. Таа стои, држејќи се за неговите раце и гледајќи во водата. Втората фотографија е направена на крајот на летото, 1937 година.
Во 1931 година Ландмесер стапил во НСДАП (Национал-Социјалистичката Германска работничка партија), со надеж дека така побрзо ќе добие работа, – а во 1935, него го исклучуваат од партијата, после свршувачката со Ирма – која била еврејка. Малку порано од година после тоа, откако била направена првата фотографија. Ландмесери со двегодишната Ингрид се обиделе да избегаат во Данска, но не успеале. Во јули, 1937 година (Ирма била бремена со второто девојче) него го осудиле, според тогашниот закон за осквернување на расата – но сепак, во мај 1938 го оправдале, врз основа на тоа, дека наводно ни тој, ни Ирма не знаеле, дека последната била еврејка, – со изнесување на предупредувањето: ако не се откаже од семејството, ќе биде осуден на многугодишна робијашка работа.

11182180_10152906064707426_1266725953489927872_n

Како што сведочи втората фотографија, и после осудувањето, Август Ландмесер не само што не се откажал од својата сопруга, туку и продолжил да се појавува со неа јавно, како ништо да не се случило. Можеби, тој бил многу храбар човек, а можеби, многу небрежен, – тоа не го знаеме. Во јули, 1938 година, него го уапсиле и го испратиле во концлагерот Бјоргермор, во Нижна Саксонија. Таму, пет години порано се појавила познатата „Lagerlied von Börgermoor“ (во превод „Песна на војниците од калта“), која потоа ја пееле во Бугенвалд, Равенсбрјук, Заксенхаузен и Освенцим.

Ирма ја испратиле во хамбургскиот затвор Фјулсбјутел, а потоа во концлагерот Ораниенбург, потоа во женскиот концлагер Лихтенбург, и на крај, во Равенсбрјук. До јануари, 1941 година, од неа доаѓале ретки писма, а потоа, очигледно, нејзе ја испратиле во Центарот за евтаназија во Бебнбург (NS-Tötungsanstalt Bernburg), каде и ја убиле. Официјалната дата на смртта – 28 април. Август, за тоа време, во јануари, 1941 година го пуштиле од затвор. Тој работел како дистрибутер во транспортна компанија до февруари 1944 г, кога го зеле повторно назад, а потоа исчезнал без трага, некаде во Хрватска, есента истата година.

Двете девојчиња ги зеле во дом за сираци, на Ингрид и дозволиле да поживее со баба ѝ, а помалата Ирен, во 1941 г, ја дале на други родители. Постарата, исто така – но веќе после војната, баба ѝ умрела во 1953 година. Две години пред нејзината смрт, летото 1951 г, бракот на Август Ландмесер и Ирма Еклер бил признаен од сенатот на Хамбург и девојчињата добиле можност да го носат презимето на таткото. Ингрид ја искористила таа можност, а Ирен – не. Во 1991 г, таа го препознала татко и на сликата лево, а во 1996 – објавила книга за историјата на своето семејство. На корицата – името на авторот: Ирен – Еклер, не Ландмесер.

То ест, оваа историја – не е за осамен херој, не е за очајно спротивставување, не е за тоа, како еден човек излегува против целиот народ – и победува. Не е за Давид и Голијат. Иако, секако, и тука може да се извлече некоја лекција – во смисла, дека колку појаросно оваа или онаа власт настапува за замислените семејни и останати традиционални вредности, толку полесно ги разрушува сегашните, неизмислени семејства. Толку побрзо го претвора децата во беспомошни сираци – за кои, после, многу исто толку брзо станува единствен благодетел.

Но, оваа историја – е за тоа, како еден маж сакал една жена, и нејзе ја убиле; а нивните деца му ги зеле, и тој ништо не можел да направи, а потоа и самиот загинал, без да се знае зошто, ни како.

Оваа историја – за жал, не се состои од поучни раскази за тоа, што е добро, или што е лошо. А се состои од сосема случајни судбини на сосема случајни луѓе, за кои ние некогаш – многу ретко – успеваме да дознаеме нешто, од што не ни е баш сеедно.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=btRNa3CItMc[/youtube]

(Сцена од филмот: Животот е убав)

Внимавајте за/на кого кревате рака!

 

Извор: http://www.inliberty.ru/