На 03.05.2015 година, во четвртата недела по Воскресението Христово, посветена на чудото што се случило со раслабениот, крај бањата Витезда, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Битола.
После Литургијата, Владиката изврши Светата Тајна Крштение и Миропомазание на двајца младенци, на кои им ги објасни обврските на кумовите во воспитувањето на децата, и ги благослови во новиот живот на благодатта Божја.