На што ги учиме децата?

На што ги учиме децата?

– Тато, ќе ми дозволиш ли да одам во црква? – му рече едно девојче, во недела, на својот татко.
– Не! – одговори неверниот татко. – Црквата не е за тебе. Таа е за баби и дедовци!

– Но тато, му рече девојчето, во училиште, на часовите по веронаука научив, дека четвртата Божја заповед ни вели секоја недела да одиме во црква, за да го почитуваме Бог.
– Тоа се глупости! – продолжи таткото.
– Но, тогаш, тато, ако е глупост да ја исполнуваме четвртата заповед, ќе е исто глупо да ја исполнуваме и петтата Божја заповед, која нè учи да ги почитуваме нашите родители…

Овие зборови на детето одѕвонија во главата на таткото, кој на крај му дозволи на детето да отиде во храмот.

Превод од бугарски: Дамјан Трпкоски
pravoslaven-sviat.org