Молитвено правило на свети Амвросиј Оптински, кое се чита за време на искушенија

Преподобниот старец Амвросиј Оптински (чиј спомен го славиме денес), им предлагал на оние кои се обрнувале кон него во најразлични маки и неволји, посебни кратки молитвени правила, според силите на секој христијанин. Старецот, од својот опит знаел, како дејствуваат тие молитви, како го зацврстуваат раслабениот дух на човекот, како се срушуваат непријателските напади, ако тие молитви се читаат со вера и надеж на семоќната помош Божја. Ги приведуваме тука тие правила, составени од псалмите Давидови, заедно со извадоци од писмата на преподобен Амвросиј.

ОД ПИСМАТА НА ПРЕПОДОБЕН АМВРОСИЈ ОПТИНСКИ

Надевај се на милоста и помошта Божја и верувај, дека силен е Господ да те избави од сите замки човечки и демонски. Кажано е во псалмите: „Господ ги разорува советите на народите и ги изгонува мислите на луѓето; а советот Господов пребива во веки“.

Ти ги пишувам псалмите, со кои се молел светиот Давид, кога бил гонет од непријателите: 3-от, 53-от, 58-от, и 142-от. Избери си од тие псалми зборови кои ти прилегаат и почесто читај ги, обраќајќи се кон Бога со вера и смирение. А кога ќе те напаѓа унинието, или ќе ја измачува душата твоја беспричинска тага – читај го 101 псалм.

 

3 – Псалм на Давид, кој некогаш бегал од лицето на Авесалом, синот свој.

  1. Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене;
    2. мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога.
    3. Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
    4. Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора.
    5. Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
    6. Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене.
    7. Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците.
    8. Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.

 

53 – На крајот на песната на разумот на Давид. Кога дошол Зифеем и му рекол на Саул: зар се скри Давид од нас?

  1. Боже, со името Твое спаси ме и со силата Твоја суди ми.
    2. Боже, услиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја;
    3. зашто туѓинци се кренаа против мене, и силници го бараат животот мој; тие не мислат на Бога.
    4. Ете, Бог ми помогна; Господ е заштитник на животот мој.
    5. На непријателите мои Он ќе им врати за злото; ќе ги истреби со вистината Своја.
    6. Со сесрдност Ти принесувам жртва, го прославувам името Твое, Господи, зашто е благо,
    7. оти Ти ме избавуваш од секаква мака и окото мое презриво ги гледа непријателите мои.

 

  1. Молитва за помош против замки од пакосни непријатели.
  2. Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!
    2. Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;
    3. зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напаѓаат силните беа престап мој и без грев мој, Господи.
    4. Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај.
    5. Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
    6. Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот.
    7. И, ете, хулат со јазикот свој; во устата имаат меч, „зашто, – си велат тие, – кој ќе чуе?”
    8. Но Ти, Господи, ќе ги исмееш; Ти ќе ги посрамиш сите народи.
    9. Силата моја во Тебе ја чувам, зашто си Ти, Боже, мој застапник.
    10. Мојот Бог, Кој ме милува, иде пред мене; Бог мој, Кој ми ги покажува моите непријатели.
    11. Не убивај ги, за да не го заборават мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој.
    12. За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејќи само клетви и лаги кажуваат.
    13. Во крајниот гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат, дека Бог управува над Јакова и до краиштата на земјата.
    14. Навраќаат секоја вечер, гладуваат како кучиња, и одат околу градот;
    15. Тие се радуваат кога бараат храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќите ‘ржејќи.
    16. Јас, пак, со песна ќе ја славам Твојата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несреќа.
    17. Помошник мој си Ти, Тебе Ти пеам, зашто Ти си застапник мој, Боже мој, милост моја.

 

142 – Псалм на Давид, кога беше гонет од неговиот син, Авесалом.

  1. Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда
    2. и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите.
    3. Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени;
    4. опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое.
    5. Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце.
    6. Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.
    7. Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.
    8. Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја.
    9. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
    10. Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат.
    11. Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја.
    12. Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

 

101 – Молитва на страдалник, кој тагува и молитвата своја ја излева пред Бога.

  1. Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе!
    2. Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во деност, кога
    Те повикувам, услиши ме бргу,
    3. зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои се исушија како суварки;
    4. попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да го јадам;
    5. од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое.
    6. Заприлегав на несит во пустиња; станав како був во урнатини;
    7. не спиев, седев како самотна птица на покрив.
    8. Секој ден ме навредуваа непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваа.
    9. Јадев пепел како леб и пијалокот свој со солзи го растворав.
    10. Поради гневот и јароста од лицето Твое бев воздигнат и соборен.
    11. Дните мои исчезнуваа како сенка и јас се исушив како сено.
    12. А Ти, Господи, вечно пребиваш; и споменот за Тебе е од род во род.
    13. Кога ќе станеш, ќе се смилуваш на Сион, зашто време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето;
    14. бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.
    15. Незнабожците ќе се заплашат од името на Господа, а сите земни цареви – од Твојата слава.
    16. Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја;
    17. ќе погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молибите нивни.
    18. Нека се запише ова за следниот род, и идното поколение што ќе Го слави Господа,
    19. зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата,
    20. за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта,
    21. за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Ерусалим,
    22. кога ќе се соберат народите и царствата заедно да му служат на Господа.
    23. Он ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ме извести дека ги скратува дните мои.
    24. Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род.
    25. Во почетокот Ти, Господи, ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце;
    26. тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ќе ги свиткаш, и ќе се изменат;
    27. но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат.
    28. Синоивте на Твоите слуги ќе се веселат и потомството нивно ќе се зацврсти за навек.