Изјава на Меѓурелигиозниот совет на Русија, во врска со донесувањето на одлуката, од страна на Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација, за користење на Вооружените сили на РФ зад границите на Руската Федерација
Традиционалните религиозни општини на Русија, со разбирање ја примија одлуката на Советот на Федерацијата, да го допушти користењето на Вооружените сили на земјата за заштита на мирните жители на Сирија од терористичката закана и за поддршка на државните војски на Сириската Арапска Република во борбата против ДАИШ (организација забранета на територијата на Руската Федерација).
Строго запазувајќи ги нормите на меѓународното право, нашата земја повторно е спремна да им укаже поддршка на луѓето, чии животи, здравје и слобода се најдоа под реална закана поради дејствувањето на меѓународните терористи.
Помошта од Русија нека ја отстрани од народот на Сирија заканата од тероризмот и да го забрза приближувањето на мирниот живот во таа земја и на целиот Ближен Исток, врз основа на дијалог и согласност меѓу разните етнички, религиозни и идеолошки групи.
Извор: http://www.pravoslavie.ru
Москва, 30 Септември, 2015 г.