На 06.07.2015 г. во Демир Хисар се одржа првиот Меѓународен научен симпозиум на тема: Манастирот „Св. Јован Крстител“ во Слепче, како духовен, книжевен и уметнички центар.. На Симпозиумот присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, како и научници, историчари и свештени лица од земјава, и од двете соседни земји, Бугарија и Србија.
Утредента, на 07.07.2015 г, кога го празнуваме раѓањето на св. Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар во сослужение на останатите свештенослужители, гости на симпозиумот, отслужи Божествена Литургија во машкиот манастир посветен на св. Јован Крстител во Слепче.
Повеќе за Симпозиумот, види тука: Меѓународен научен симпозиум за Слепченскиот Манастир