«Криза на совеста»: како Јеховин сведок стана сведок на Православието – Артем Григорјан

Секој кон Бога има свој, личен пат. Денес си јазичник, гонител, а утре – христијанин. Денес си отстапник, утре – маченик за Христа. Денес си Јеховин сведок, а утре – православен. Својата историја на обраќање во православието ја сподели Артјом Григорјан, во минатото јеховист, а денес еден од главните специјалисти на православниот мисионерски центар „Ставрос“.

На 11 години јас се најдов во организацијата „Јеховини сведоци“ – заедно со моите родители. Како се случи тоа? Сите, кои ги преживеаја реформите, добро се сеќаваат на тој духовен вакум, што ги опфати луѓето. Светот на кој се навикнале се срушил, останала маса неразрешливи прашања.

Тоа беше една од големите епизоди во историјата на нашата земја, кога огромно количество на луѓе се свртија кон духовноста, ја бараа во сè и сешто: некој отиде во црква, некој почна да се занимава со езотерика, окултизам, источни неоиндустички традиции и практики, а некому му се паднале псевдорелигиозни здруженија или псевдохристијански организации – како „Јеховини сведоци“.

Моите родители беа едни од тие луѓе. Јас бев крстен во Ерменска Апостолска Црква на 6 години, и понекогаш одевме во црква на празници – живеевме едно „номинално“ христијанство. Ние ништо не разбиравме, црквата беше место таинствено, волшебно, но не она, каде што можеш да најдеш одговори на прашањата.

Истовремено, во средината на 90-те, „Јеховините сведоци“ беа на пикот (врвот) на својата активност. Тие им предложуваа на луѓето она, што беше тешко да се најде во традиционалните религии: внимание, отвореност, спремност да работат со парохијаните. Дојдоа кај нас дома и ни рекоа: „Сакате да ја изучувате Библијата? Ние бесплатно ќе ве учиме“. Секако, родителите посакаа својот духовен глад да го исполнат така.

Да се сетиме, во каква состојба тогаш беше Црквата: крајно малку свештеници, православна литература немало, во храмовите никаква мисија, целосна изгубеност, да не знаеш кого да слушаш. А тука – убави, успешни луѓе, кои лесно отвараат библиски цитати во потребни места, опсипуваат со контрааргументи, и сето тоа прекрасно организирано. Накратко – ние се вљубивме во таа религиозна организација.

 

Се навикнавме да живееме без родендени

А имаше и во што да се вљубиме. „Јеховин сведок“ може да стане човек, кој нема проблеми со моралот и наравственоста. Блудот, то ест, незаконскиот соживот, злоупотребата на алхохолот, наркотиците, пушењето, откажувањето од плаќањето на даноци и воената служба се пречки за стапување во организацијата.

Има и чудни работи – на пример, „сведокот“ треба да се откаже од крводарителството и од сите празници. Тој не смее да празнува Нова Година, роденден, Божиќ, Велигден. Тоа не е заради аскетски причини, туку заради вероучителни. Ако човек празнува, значи тој учествува во лажно поклонение, бидејќи јеховините сведоци ги поврзуваат сите празници со пагански корени.

Тука има и специјална замка – зашто на празниците, обично се собираат роднините. А кај сите псевдохристијански организации, целта – е да се оддели човекот од неговото семејство, од роднините, кои можат на него да влијаат, да ги измени неговите погледи на животот. Исклучувајќи ги празниците, вие го исклучувате и општењето со семејството. Јас и жена ми сосема неодамна почнавме да ги празнуваме родендените, детето нè поттикна на тоа. Отпрвин ни беше малку чудно, зашто ние бевме навикнати да живееме без родендени, без Нова Година.

grigorjan

Исполнување на „норма“ како духовен степен

Сиот духовен живот на „сведоците“ е врзан за проповедта. Околу тоа се врти сè. Потоа – посетување на собранијата и лекциите неколку пати неделно. Литургиски живот нема, и учење за благодатта исто така нема, сето тоа се заменува со мисионерство. Секој „Јеховин сведок“ треба да биде проповедник. Не можеш да бидеш „сведок“, а да не мисионериш.

Се поздравува привлекувањето на деца. После курсот на индоктринација (катихизација), човекот треба да стане „некрстен гласник“. Ако се преведе на православен речник – „огласен“. Но, тоа „огласување“ подразбира не само изучување на Библијата, но и моментот на улична проповед.

Потоа, човекот полага многу строг испит за пристапување во организацијата и станува „гласник“. „Сведоците“ имаат многу различни степени, точки на духовниот раст кои треба да ги поминат, и притоа, нивото на духовниот раст може да се „пресмета“: треба да се „отпроповедаат“ определено количество на часови во месец, и колку повеќе часови си дал на мисијата, толку поблиску си кон спасението. Секој месец, сите даваат отчет за тоа, колку време поминале на проповед, колку весници и книги распространиле. Како во болница – секој си има свој картон, каде се внесуваат твоите податоци секоја година.

Таквото исполнување на норма, секако, не е за Страшниот суд, туку за земната организација. На пример, ако се селиш во друг град, ќе ти напишат карактеристика („тој и тој брат го посетува собранието, и може да биде препорачан за такви и такви должности, ви ја испраќаме неговата „историја на болеста“).

v hram

Илузијата на супер-херој

Крајно негативниот однос кон „сведоците“ на улица воопшто не ме збунуваше, а  никого не го ни вознемирува, напротив, го вдахновува. „Сведоците“ гледаат во тоа спротивставување на светот потврда на својата правичност, затоа што, според нивното вероучение, светот му припаѓа на ѓаволот. На тоа тврдење му се „пришиваат“ библиски цитати, – на пример, „ако светот ве мрази, значи вие – не сте дел од светот“. „Сведоците“ цврсто го поднесуваат сиот тој негативизам, и само им се зголемува ентузијазмот.

А плус, на проповед чувствуваш едно опијно, со ништо неспоредливо чувство на радост, и сакаш пак и пак да пробаш, зашто ти го спасуваш светот, ти си таков уникатен, супер-херој. И тоа додава некое особено емоционално потхранување.

Животот на „општиот пионер“

На 17 години, јас станав „општ пионер“ (“сведоците“ имаат многу чудни имиња – лоши преводи од англиски). „Општиот пионер“ треба да проповеда многу, 70 часови месечно, то ест, секој ден по два и половина часа. Јас бев околу две години таков пионер, и тоа се смета за привилегиран статус. Јас бев многу активен, ми се допаѓаше да проповедам.

Во 2005 година, ми дојде покана за работа во главниот управен центар на „Јеховини Сведоци“ во Русија, – во местото си име „Ветил“, се разбира, по библиска аналогија. Тоа се наоѓа во приградието на Петербург – населба Солнечное. „Ветил“ („Вефиль“) – е апсолутно одделен свет, кој живее по свои закони и поими, зад ограда, како манастир од смешан тип – таму има и мажи и жени, и парови, но за време на служењето, семејните парови треба да се откажат од деца. Вкупно, околу 300 луѓе. Таму може да се оди на екскурзија.

И јас станав служител на „Ветил“, што можеше да имам повеќе? Јас бев многу среќен. За тоа јас и се преселив од Владикавказ – иако, токму тоа преселување бараше отказ од универзитетско образование. Затоа, благодарение на тоа, јас се запознав со Алија – мојата идна жена.

„Лошо е да се биде умен“ – е една од концепциите на организацијата

Јас се обидов да го продолжам образованието, но ми поставија ултиматум: „Или ќе учиш, или ќе го избереш „Царството Божјо“. Кој ќе го замени „Царството Божјо“ со факултет? Отворена забрана за здобивање на високо образование нема, но доста често, раководството ги повикува младите да не се запишуваат на факултет. И наспроти тоа, јас се здобив со високо образование. Жена ми нема високо образование, и сами размислете, што ќе ти е образование, ако утре е Армагедон?

Идеалниот човек, од гледна точка на „Јеховин сведок“ – е поранешен школник, кој отишол да најде работа набрзина, малку да работи, малку да заработува, да има краток работен ден – но повеќе да проповеда. А луѓето, кои добиле високо образование – малку се изгубени за организацијата: тие многу време посветуваат на учењето и размислуваат со своја глава.

venchanie-600x400

Губењето на „розевите наочари“

Во „Ветил“ јас почнав поадекватно да разбирам, каква е таа организација. Ги симнав „розевите наочари“, кога ја видов „внатрешната куна“. „Сведоците“ го сметаат тој центар за најдоброто место на светот, тие велат, дека Бог е посебно близок таму, но јас гледав обични човечки страсти: лицемерие, суета, лаги, надуеност, несправедливост, класови слоеви, почнав да сфаќам дека реалноста не е соодветна на оние тезиси, кои се проповедаат, а за проблемите е забрането да се зборува. Кога стапуваш во братството на полновремени служители, потпишуваш документ за сиромаштво и послушност, но фактички, дури во самиот тој „Ветил“ имаше луѓе, кои таму се занимаваа со бизнис.

Секако, откривањето на тоа не беше главната причина на моето заминување оттаму, но тоа стана некој побудувачки момент, кој ја привижи мојата парадигма. Но, тогаш мене не ми доаѓаше ни мисла дека таа организацијаа не е од Бога, не е Божјо дело. Тоа е важно да се озвучи, затоа што „сведоците“ ми велат дека сум се налутил на организацијата, сопнувајќи се од човечкиот фактор. Не, јас уште тогаш веднаш си објаснив, дека тоа се само луѓе и нивните пороци.

Во „Ветил“ јас започнав да се занимавам со составување на апологетика на „Јеховините сведоци“. Гледав многу слаби места, кои сакав да ги пополнам. Во официјалната литература на организацијата многу работи не се објаснуваа, јас го сфаќав тој недостаток и почнав да пишувам статии. Колку повеќе се занимавав со тие прашања, толку повеќе гледав дупки и несоодветности.

Во управниот центар се наоѓаше добра библиотека, каде што имаше оддел историја на религиите. Таму имаше интересни книги, многу работи на православни богослови, изданија на нашите духовни академии, и јас го открив за себеси светот на таа литература. Сите тие книги се чуваат во центарот само за преведувачки цели, за да може во литературата да се повикаат на таа или онаа книга, како документиран материјал, а нив никој не ги чита. Јас пак, како гладен, им се нафрлив и почнав сè да проголтувам.

Јас бев поразен, колку длабоко, мудро, логично се разработуваат различни прашања по библистика, богословие, историја на Црквата. Јас видов нешто друго, подлабоко, органско, цело, блиско до духот на Евангелието.

Писмо во Бруклин

„Јеховините сведоци“ имаат свој превод на Библијата, кој се нарекува „Нов свет“. Многу стихови на Новиот Завет во тој превод се предадени во доктринална интерпретација, и „сведоците“ проповедаат со таа Библија во рацете. А во библиотеката на „Ветил“ јас наидов на „Истолкуваната Библија“ на Лопухин. Не можете ни да си ја замислите мојата зачуденост, изгубеност кога почнав да ја читам!

Моето внимание го привлече еден стих од посланието кон Филипјаните на апостол Павле: „Кој иако беше образ на Бога, не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Се понижи Себеси, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето, и по вид се покажа како човек“ (Фил. 2, 6).

Почнав да го читам грчкиот текст со паралелен превод и сфатив, дека во Библијата на јеховистите, тоа место е сосема превртено. Ако апостолот вели дека Исус „не држел многу до тоа, што е еднаков со Бога“, кај „сведоците“, напротив, тој не мислел да посегне, да биде еднаков со Бога!

Работата е во тоа, што „Јеховините сведоци“ сметаат, дека Исус Христос и архангел Михаил – се една личност. Излегувајќи од тоа, тие не можеле да си допуштат таков превод. Јас напишав големо писмо во Бруклин на англиски јазик, него не сакаа да го испратат, но сепак го испратија по внатрешни канали. На крај, навистина ми одговорија: „Брате Григорјан, „не трчај пред возот“, верниот благоразумен слуга сè ќе реши“.

Јас поставував конкретни прашања, но на ниедно не добив одговор. Потоа напишав уште две писма во Брукли, и повторно добив празни одговори. Тогаш крајно сфатив, дека во таа организација, вистината не е потребна никому, потребна е само идеологија.

semya

Читав книги преку анонимајзер

Веќе почнував да се плашам. Се плашев, затоа што со секоја прочитана страница моите прашања се зголемуваа, пропорционално со секој пасос. Читањето на литературата ме доведе до главниот мисловен престап: ја нарушив главната забрана на секоја псевдорелигиозна организација – прочитав книга на бивш нејзин приврзаник.

Јас знаев за постоењето на некоја книга, која се вика „Криза на совеста“, таа е доста позната, неа ја напиша Рејмонд Франц. Авторот поминал 60 години во организацијата, од кои, десет години бил член на органот на Раководителскиот совет, кој ја решавал судбината на седумте милиони „Јеховини сведоци“ на Земјата. Јас дури не знам со што да ја споредам таа книга… По правилата на организацијата, ако некој дознае дека сум ја прочитал таа книга, тој е должен да им го пренесе тоа на старешините. А жена ми знаеше сè, ние се каравме, таа плачеше – тоа беше првата година од нашиот брак. Но, јас сепак се осмелив да ја прочитам. Ја најдов на интернет, и знаете како ја читав? Влегував таму преку анонимајзери, ја затворав вратата во канцеларијата, ги спуштав завесите и читав. Ме фаќаше треска, кревав температура од ужасот на вистината, која ја дознавав. Слично на хируршки зафат без опивка.

Главната вредност на таа книга беше во тоа, што ми помогна да ги соберам во еден мозаик сите претходно расфрлени делчиња. Таа ми покажа сè, од „А“ до „Ш“. Тоа беше бомба, која ми ја разнесе свеста.

Ние заминавме многу гласно. Нè споредуваа со “Pussy rioy”

Почна да нè опфаќа неподнослива досада на собранијата. Но, сеуште немавме мисла да заминеме, дури и откако ја прочитавме книгата. А каде да одиме? Сфаќавме, дека тоа не е вистина, дека е грешка, но како да живееме понатаму? Целото мое семејство, сите мои блиски – се во организацијата, сиот свет. Многу „Јеховини сведоци“ ги држи токму тоа.

Православната Црква воопшто не се гледа како алтернатива. Нејзе посебно ја оцрнуваат, намерно. Пишуваа, на пример, дека сите свештеници од христијанскиот свет му служат на ѓаволот, покажуваа слики, како свештеници убиваат деца или дека се ненаситни богаташи. Велеа, дека Црквата прва ќе биде казнета од Бога, а сите христијани – се духовни прељубодејци. Затоа, не ни мислевме да заминеме. Но, и во управниот центар повеќе не можевме да останеме, тоа беше ад. Поживеавме таму уште една година, а потоа решивме дека е доста.

Да се наоѓаш во срцето на светот на илузиите, каде што секое утро ти велат дека се наоѓаш на најдоброто место на земјата, а истовремено ти имаш јасна депресија – е премногу тешко. Се бодите со свеста дека сè, што ќе правите во следните 24 часа, а тоа е тешка напорна работа – е апсолутна илузија.

Лично јас, имав интересна работа. Јас се занимавав со компјутерски технологии, мрежи, но мојата сопруга работеше како собарка – чистеше тоалети, соби. Тоа е многу строг ритам, стануваш во шест наутро, во седум „Утринско поклонение“, потоа доручек и работа, а вечерта треба да брзаш за собранието. Постојана недонаспаност, недостаток на време, физички многу тешко.

Во „Ветил“ многу луѓе, кои јавно се емоционално болни, се наоѓаат во многугодишна депресија. Пред мои очи, за две години, двајца луѓе си заработија сериозни проблеми со психата, и јас го гледав тој генезис. На крај, двајцата луѓе беа принудени да заминат од „Ветил“ со нарушено психичко здравје на антидепресиви.

Во 2012 година, ние сфативме дека повеќе не можеме да живееме така, и напишавме писмо за одрекување, кое им го врачивме на старешините на собранието во обичен петербургски кафиќ „Слаткоежка“ и им напишавме на сите пријатели во разни земји. Си заминавме доста гласно. Еден наш познаник нè спореди со “Pussy riot”. Потоа, нè исклучија од комуницирањето со сите Јеховини сведоци, вклучувајќи ги и моите родители, што сеуште трае.

grigorianovi

Голтка свеж воздух

Јас се вратив во православието преку „интелектуален пат“. Мене ме доведе тука интересот за раното христијанство. Кај „Јеховините сведоци“ има вероучение, дека со смртта на последниот апостол, вистинското христијанство исчезнало, започнала мутацијата, сеопштото отпаѓање до XIX век, апсолутната темнина. Мене секогаш ми беше интересно, а во што верувале христијаните од првите векови?

„Јеховините сведоци“ одрекуваат сè: Света Троица, Божеството на Христос, бесмртноста на душата, вечната казна. Всушност, тоа е аријанство измешано со ебонизам. Книгата „На протестантите за православието“ од ѓаконот Андреј Кураев беше мојата прва православна книга. Ја прочитав во 2009 година. То ест, јас одев од 2009 до 2011 година.

Имавеме и еден период со жена ми, на вонконфесионализам, затоа што имавме алергија на било какви форми на религиозни општества. Баравме отклик во душата, одевме по Невски проспект и влегувавме во сите храмови: лутерански, ерменски, католички, православен. Зашто, за „сведоците“ да влезеш во храм – е исто, како да си влегол во некое незнабожечко светилиште.

Кога го читав Новиот Завет, не со очите на „сведоците“, а сам, мене ме порази Христоцентризмот на Новиот Завет. Помислив, дека ако Христос игра толку централна улога во умовите на апостолите, Тој не може да биде само архангел. Сфатив, дека христијанството – е култ кон Христос.

Феодоровскиот храм во Петербург, беше првиот православен храм, каде што дојдовме. Јас напишав писмо во Санкт-Петербургската епархија во 2011 година, со прашање за тоа, каде во градот се одвиваат богослужби, делумно на руски јазик и каде што има вонбогослужбена комуникација. Ми одговорија и ме насочија на Миргородскаја 1, во Феодоровскиот храм.

Јас веднаш му раскажав на настојателот на храмот, протоереј Александар Сорокин, кои сме ние и што ни се случило. И мене ме порази тоа, што тој не рече: „о, па тоа е секта, колку страшно“, туку напротив, побара да му раскажеме поподробно за сè, ни објасни, дека има многу малку објективни информации за „Јеховините сведоци“.

Тогаш, се одржуваше просветителска конференција организирана од храмот – „Теофорум“, со кој сега и самиот се занимавам. Држеше лекција архимандрит Јануариј (Ивлиев) на некоја многу интересна тема по библистика, околу него седеа млади, сите активно поставуваа прашања, разговараа, и јас бев поразен – дојдовме во православна црква или каде? Потоа започнаа Евангелските чтенија, каде што секој го кажуваше она, што чувствуваше. Кај „Јеховините сведоци“ такво нешто не може да се случи, ти си должен да го кажуваш само она, што е напишано во специјална литература. А тука, луѓето не се подготвуваа, не потцртуваа ништо со маркери, тие едноставно ќе го прочитаа текстот, ќе им дојдеше мисла, и ќе ја споделеа. Јас и жена ми започнавме да одиме на Евангелските групи, а потоа дојдовме на литургија.

Литургијата за мене стана голтка свеж воздух. Јас толку се изморив во организацијата од бескрајните кружоци, од прашања-одговори, лекции, контроли, што кога се најдов на богослужбата, сфатив, дека навистина, христијанството се состои во молитвеното престојување пред Бога. Најверојатно, тој опит го имаат сите луѓе, особено почетниците – силно, блиско доживување на божествената благодат. Тоа беше толку силен и за мене непознат опит, кој ја пронижуваше целата моја природа, што никогаш претходно не сум го доживеал кај „Јеховините сведоци“.

artem

Јас сфаќав, и мене ми се допаѓаше во православието тоа, што тоа не е религија на книгата, не е религија на рационалното достигнување, туку религија на лично богопознание, кое главно се случува не во главата, туку во опитниот допир со Бога.

Ништо не се случува залудно

Процесот на заминување од организацијата беше толку долг за нас и од друга причина, затоа што формалното членство во неа ни даваше можност да комуницираме со други „сведоци“, и им помогнавме да излезат барем ментално од тоа ропство на многу луѓе, и тој процес трае до сега.

Сега ми пишуваат непознати луѓе, кои ме наоѓаат преку интернет, – од Америка, Грција, Грузија, Украина, од многу земји и градови. Се сретнуваме со нив, се консултираме, ги каниме кај нас дома. Се трудиме да направиме сè, за да ги поддржиме.

Многу добро ги сфаќаме тие луѓе, затоа што тие се многу изгубени и исплашени. Се трудиме некако да ги утешиме, да им објасниме и да им покажеме алтернатива. Многу „сведоци“ стануваат атеисти или агностици, затоа што православието никој не го знае, а и да го знае, на почетокот не е спремен за него.

Јас сум длабоко убеден, дека неправилно е да се одрекува својот поранешен религиозен опит. Јас сум уверен, дека таквите работи не се случуваат туку-така. Тоа била некаква школа, некои скалила, кои требало да се поминат, за да станеме она, што сме сега. Ако не бевме „Јеховини сведоци“, ние можеби и не би дошле свесно во Црква.

 

Подготви: Надежда Калашникова

 

Извор: http://www.pravmir.ru/krizis-sovesti-kak-svidetel-iegovyi-stal-svidetelem-pravoslaviya/